НЕДОРАЗБИРАЊЕ: Пендаровски нема да говори на Мечкин Камен, туку премиерот
Објавено во: Македонија 17 Јули, 2019 10:20
Иако вчера беше објавено дека претседател Стево пендаровски ќе говори одф Мечкин Камен на 2 Август по повод прославата на националниот празник Илинден како новоизбран шеф на државата, денеска од Владата излегоа со демант дека се работи за недоразбирање. Од таму денеска соопштија дека за прв пат говор ќе одржи премиерот Зоран Заев, а не претседателот Пендаровски.
„Во текот на вчерашниот ден настана недоразбирање во однос на одржувањето на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“, односно преку медиумите беше известено дека претседателот државата Стево Пендаровски ќе присуствува на 2-ри август во Крушево. На 2-ри август на Мечкин Камен во Крушево ќе се обрати премиерот Зоран Заев“, се вели во соопштението од Владата.
Оред две години свој говор од Мечкин Камен имаше Талат Џафери како новоизбран претседател на Собранието, а лани се обрати претходниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, но настанот беше проследен со погрдни извици кон албанската етничка заедница и кон одредени делегации.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




