14 Декември, 2025
0.0290

Недељковиќ: Модернизирањето на пругата ќе ја зголеми значително економската соработка и туризмот со Србија

Објавено во: Економија 07 Јуни, 2025 10:36

Добивај вести на Viber

Потпретседателот на Демократска партија на Србите, пратеник и единствен претставник на српската заедница во македонското Собрание Драган Недељковиќ во интервју за МИА зборува за предизвиците кои ја кочат динамиката на економското поврзување. Укажува дека е минимален влезот на српски капитал во земјава, но и на македонскиот во Србија, дека треба да се искористат сите потенцијали, посебно во винската индустрија, трговијата и земјоделството, но и во туризмот и културата. 

- Само како пример ќе ви ја посочам српската компанија MTEL која функционира на македонскиот пазар, но нејзината инвестиција не е на доволно високо ниво, па оттука се поставува прашањето зoшто работите се одвиваат на ваков начин. Верувам дека ќе почнат да напредуваат, да одат во нагорна линија, бидејќи оваа Влада има многу поголем „сенс“ за економија, тоа го покажуваат  неодамна преземените чекори во оваа насока, како Договорот за соработка со Велика Британија. Оттука, сметам дека во следниот период треба да направиме напор за да ја засилиме економската соработка меѓу Србија и Македонија, вели пратеникот.

Тој додава дека претстојното модернизирање на железничката пруга од Kоридорот 10 секако дека ќе донесе неколкукратно подобрување и заживување на економијата. Во оваа насока очекува дека во јуни ќе започне изградбата на заеднички железнички граничен премин на Табановце – one stop shop. Проектот е финасиран од Европската банка за обнова и развој и ќе чини 7,5 милиони евра.

- Она што во последниот период значително напредува е туристичката соработка. Огромен број македонски туристи ги посетуваат српските бањи, додека од друга страна многу српски државјани го избираат Охрид како една од нивните најомилени туристички дестинации. Овој број на посетители од Србија би бил и многу поголем, но во моментов како единствена пречка се наметнува лошата патна инфраструктура. Со изградбата на брзата пруга состојбата ќе се смени драстично, бидејќи патувањето ќе биде полесно, побрзо и пoевтино. 

Исто така, препознавам огромен потенцијал во македонската винска индустрија која, според мене, треба повеќе да се промовира на српскиот пазар. Големи би биле можностите и за раноградинарските производи од Македонија кои се препознатливи по својот врвен квалитет. Само за пример, во поранешна Југославија кочанскиот ориз беше присутен на пазарите во сите републики, а подеднакво барана беше и пиперката од Струмица, вели Недељковиќ.


Можеби ќе ве интересира

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?