14 Август, 2020
0.0352

НЕДЕЛЕН ФАКТОР: Рециклирана 2016-та, Груевизмот уште цвета?

Објавено во: Македонија, Колумни 12 Јули, 2020

Рециклатите во политиката ги враќаат старите стравови и се надеваат на емотивни реакции од гласачите на 15 јули. Некои тоа би го нарекле оправда тактика за одржување на прогресивната агенда, да се спречи „обнова на режимот“, но други го оцениле како

навреда за меморијата и интелектот на македонскиот гласач.

По овие избори и победата на СДСМ, актуелниот премиер верува дека ќе се расчитело со Груевизмот. И да, ова не е ветување од 2016 година, туку од денес, четири години подоцна. Па од ова може да се заклучи дека Груевски иако беше поразен со "пенкало" Груевизмот процветал, поминал неказнето и не бил демонтиран додека на власт беше токму СДСМ, не дека за тоа нема изговори, објективни и субјективни. Излези да гласаш да не се врати Груевски! Ова е многу ризичен изборен слоган бидејќи многумина може и навистина ќе ги послушаат, за да го "вратат" Груевски, ако тој воопшто и не си „заминал“ од институциите и начинот на кој тие функционираат.

Неказинивоста и неспособноста да се истера правда уште повеќе боли откако испукаа нови скандалозни бомби во кои се слуша како Заев како најкомотниот трговец се расфрла со предметите на СЈО, тие и тие ќе паднеле, за овие нема притвори, врзани биле пратениците. Кој живее од бомби на крај и може и да заврши со бомби, освен ако не ги убеди останатите дека се сечени, лепени и монтирани, или дека не биле во реализација на некоја поголема цел.

Душата за правда, а најверојатно и грлото по рикот на партиски митинг, го здоболи и рециклираниот Димитров кој според неговата коносителка на листа имал додадена вредност по завршената работа за "режимот". На кого всушност му се "раздерува" Ники дека требало да им биде срам што тие барале правда. На неговото претходно политичко друштво, на критичарите кои не можат да си поверуваат дека нема функционални државни институции или можеби на самиот себеси?

ВМРО-ДПМНЕ од исконско до британско.

Опозицијата можеше многу лесно да ја "закова" последната шајка во власта на Заев. Најверојатно "ковачките" способности на Мицко мајсторот ќе останат забележани само во рекламните изборни спотови.  Како успева оваа партија на толку нереализирани политики на власта да не успее да создаде победничка атмосфера и да ја увери прогресивната јавност дека нешто е сменето од пред четири години? Можеби затоа што матрицата не е промената. Се уште основата за политичко делување се бара во национал романтизмот, во наратив кој веќе добива патетичен призвук, дека ете ние Македонците сме обесправени со милениуми, за мака родени и притиснати од сите страни. Ама, не очајувајте, вечното сонце повторно ќе не огрее, ќе се исправиме горди, ќе ги победиме неправдите, сакаат да ги убедат гласачите.

ВМРО-ДПМНЕ која е во опозиција, нешто што очигледно мора да им се потенцира на голем број на критичари, невладини активисти, "независни" интелектуалци и целокупна "граѓанска" камарила, не може да биде виновна за сите грешки на актуелната политичка сцена. Тоа не значи дека ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да биде "тепана" и постојано прекорувана за злоделата од минатото и потсетување зошто истите не треба да се заборават за да не се повторат. Но, не може ниту "бомбите" меѓу кои и видео снимки кои и самата Шекеринска ги потврди за разговор со веќе обвинетитите Боки 13 и Катица Јанева да останат во најмала рака неистражени. Да не треба ново СЈО, не како физичка обвинителска институција, туку можеби и како принцип на решавање на сомнежи за корупција и криминал? Или токму на овие борци за правда овој пат тоа и не им е некој приоритет, па може слободно да се дозволи целосен комодитет и никаков чин на одговорност од актуелната власт и во вториот мандат.

На толку црна, погана и брутална кампања, вистинско освежување е да се погледнат спотовите на ИНТЕГРА. Не може, а да не се расположите. Само кога ќе си замислите како би лебделе на нулта гравитација во безтежинска состојба на вселенскиот центар во Кокино. OMG! Милијарди долари од инвестициски фондови, целосна енергетска независност со производство на струја од водород, соларни панели на секој чекор, 1500 Kwh само од ветерна енергија. Многу колорит има во кампањата на "ИНТЕГРА", па дури и каубојци кои се колнат во Библијата. Смејте се вие, терајте мајтап дури и ако сакате, но барем оваа кампања која можеби и не целосно реално остварлива сепак, не предизвика гнев, бес и очајност како кај поголемите партии.

И со последните пораки на лидерите, на сите партии и коалиции кои се обидуваат да ја освојат вашата доверба од утре ќе се тргне на гласање. За самата безбедност на гласачките места и протоколите не видовме речиси ништо, но затоа ДИК не орасположи со песничето дека "ние сме на ред". Сериозно, во време на КОВИД-19 ја имаме една од најлошите информативни кампањи на ДИК за нашето избирачко право? И во вакво време се прави песничка која има новогодишен ритам, дека токму ваква песничка ќе не убеди и по ризик од корона вирус да излеземе да гласаме?

Најдобро ќе биде како граѓани сами да се информирате што треба да преземете за да се заштитите на денот на гласањето. Бидете безбедни, уште малку и ќе се рехабилитраме од пропагандната контаминација.

Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ЛИСТА НА ЗЕМЈИ „ИЗВОЗНИЦИ“ НА КОРОНА: Kaде се најде Македонија?

ЛИСТА НА ЗЕМЈИ „ИЗВОЗНИЦИ“ НА КОРОНА: Kaде се најде Македонија?

МУ УКРАЛЕ 6.000 ФРАНЦИ И АВТОМОБИЛ: Maкедонец ограбен во Драч

МУ УКРАЛЕ 6.000 ФРАНЦИ И АВТОМОБИЛ: Maкедонец ограбен во Драч

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев го доби мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев го доби мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски

Земјотрес е регистриран во околината на Пехчево

Земјотрес е регистриран во околината на Пехчево

Има основи за напредок, тврдат од СДСМ и ДУИ по средбата на Заев и Ахмети

Има основи за напредок, тврдат од СДСМ и ДУИ по средбата на Заев и Ахмети

Пендаровски не бараше гаранции, и нема да бара доколку Заев го врати мандатот

Пендаровски не бараше гаранции, и нема да бара доколку Заев го врати мандатот

ВМРО - ДПМНЕ ќе ги замрзне односите со Пендаровски

ВМРО - ДПМНЕ ќе ги замрзне односите со Пендаровски

МИЦКОСКИ: Ситуацијата во државата оди во погрешен правец

МИЦКОСКИ: Ситуацијата во државата оди во погрешен правец

Стево Пендаровски ќе ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Стево Пендаровски ќе ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ