26 Април, 2024
0.0419

Неделен Фактор: Дајте распишете тендер за стапови од Индија, инаку сите го окркавме (стапот)

Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Навреме да распишевме тендер за набавка на стапови од Индија, наместо на маски и дизентали, најверојатно многу порано ќе ја завршивме кризата со КОВИД-19 пандемијата наместо да станеме балкански рекордери по број на заразени, ем полицијата на Наќе ќе можеше да тренира строгост.

Сто стапа на секоја маалска собиранка, на верски собири, на корона журки по елитни викендички. И тоа не е брутално тепање, напротив онака родителски. Воспитно, по газот за да им дојде паметот на чаталите кои дури и не веруваат дека постои корона вирусот.

И натаму ситуацијата ни се претставува како да е под контрола, а веќе 150 фамилии се зацрнија. Освен изгубениот допир со реалноста на политичарите кои само ги интересира својата фотелја, функција, моќ и пари, дел од граѓаните се уште понеодговорни.

Како бе одеднаш сите сакаат маалски живот, да се групираат по 50 мајки и татковци со деца на простор од два квадрати, а притоа ниту еден од нив да не носи маска или заштитна опрема. Да можат уште во скут ќе си седнат. На кого тераат инает, на тие што оделе на ифтарски вечери, на тие што парадираа на литијата во Струга. На кого му покажувате пркос? На власта, на Филипче, на Наќе? На кого се обидувате да му докажете дека џабе се сите мерки и препораки. Најжално е што еден од овие маалски револуционери да се разболи со КОВИД-19 најверојатно од срам нема да каже и ќе крие од комшиите и роднините, па кого се ќе заболи и зарази понатаму ама воопшто не е важно.

И што презеде Комисијата за заразни болести по илјада нови случаи за десетина дена? Владата реши предвреме да ја стартува туристичката сезона во Охрид. Пола Скопје навреме си се евакуираше од тридневниот целосен карантин, па дали ќе се намножат нови кластери и надвор од скопското жариште ќе му ја мислиме за следниот карантински период иако веќе и продолжените викенди се потрошија.

Одамна е изгубен компасот во борбата со пандемијата, ние сме црната дупка на Балканот каде ние една земја од регионот не сака ниту да ни ги отвори границите. Веќе е жално да се гледа како се мачи министерот Филипче кога функционерите и партиските лидери му ги направија сите можни саботажи.

Ахмети има многу убава роденденска желба. Албанец да бил премиер на Македонија. Што е па толку страшно со помислата на првиот интегративец кога ги дувнал свеќичките на тортата. Да не треба да посака да и дојде крај на кризата, да не се шири корона вирусот со верско-етнички калкулации за лов на гласови, на економскиот колапс, на партизираната администрација, на корумпираната партиска војска на послушници, на закопаната правна држава. Ма, ви се молам. Имаме ние многу поголеми приоритети, нека ни е жив и здрав Ахмети, желбите му се на место.

Единствено Заев кој најверојатно не бил почестен со парче роденденска торта не сака да му се исполни желбата на Ахмети. Премиер ќе станел тој што ќе освоел 61 пратеник, бидејќи Заев добро знае дека и со 49 се станува премиер.

Е токму во таа трка за пратеници кривата на заразени нагло скокна. Се сеќавате ли кога имавме по 20 заразени на ден? Да, тоа беше пред да се оди на императивот избори по секоја цена, пред да се прават протоколи за кампањи од врата на врата и со митинзи.

Ех, на Заев 61 пратеник ќе му гарантираат премиерско столче, ама мисли ли некој дека токму тоа опуштање и лажна слика дека еве готово, ја победивме пандемијата, може да се вратиме во нормала - всушност ни пресуди! 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица