27 Април, 2024
0.0268

НЕДЕЛА ОСТАНУВА НЕРАБОТЕН ДЕН - Уставниот суд пресече, иницијативата на бизнисот не се прифаќа

Објавено во: Економија 01 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Недела останува неработен ден за најголем дел од работниците во земјава.

Вака одлучиле мнозинството судии од Уставниот суд. 

Портпаролката на највисоката судска инстанца во земјава Кристина Беловска на пресконференција соопшти дека Уставниот суд на својата денешна седница одлучил да не поведе постапка за преиспитување на законското решение со кое недела беше прогласено за неработен ден за најголем дел од работниците.

Всушност, уставните судии одлучиле да не се прифати иницијативата на Стопанската комора на Македонија, која беше подносител на иницијативата да се преиспита ова законско решение, за кое сметаат дека е неуставно.

Беловска соопшти дека оваа одлука на Уставниот суд е конечна и дека во правниот поредок на земјава останува да важи дека недела е неработен ден за најголем дел од работниците во земјава, освен за дејностите кои се утврдени како исклучоци.

Беловска рече дека не може да се открие кој судија како гласал, со оглед што тие имаат право на тајнпост во гласањето

Со сегашното законско решение, околу 95 отсто од работнициве во земјава не треба да работат во недела, а оние што работат, имаат право на повисоки дневници.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра