Недела ќе биде неработен ден, но ќе има исклучоци
Објавено во: Економија 05 Февруари, 2021 18:59
Недела ќе стане неработен ден, но ќе има и исклучоци.
„Недела неработен ден“ е законско решение за постигнување социјална рамноправост и заштита на работничките права.
На седница на економско социјалниот совет денеска се разгледуваше драфт текстот за законското решение за „недела неработен ден". Трипартитниот дијалог ја потврди намерата на Владата, недела да се прогласи за неработен ден.
За нормално функционирање на државата факт е дека ќе има можност одредени работодавачи/правни субјекти да работат но само во определени дејности и тоа само оние работодавачи кои ќе можат да покажат дека технолошко-производствените процеси не смеат да се прекинат (значи не сите работодавачи во тие определени дејности!). Останатите работодавачи (и тие работодавачи чии технолошко-производствени процеси смеат да се прекинат во наведените дејности а и сите работодавачи во дејностите кои не се наведени во исклучоците) нема да смеат да работат.
Во случај да го прекршат законот и да работат во недела, тогаш ќе следи соодветна ригорозна казнена мерка.
За работниците во дејностите кои ќе спаднат под исклучоците, работодавачите ќе треба да им го платат работењето во недела согласно законите и колективните договори и ќе треба да одредат друг ден кој ќе биде ден за неделен одмор.
Предлог законот за работни односи, од кој дел е и решението „недела неработен ден“ е се уште во работна верзија и се консултира со сите засегнати страни. Синдикатот бараше недела да биде неработен ден. Италија, Франција, Португалија, Унгарија се земји каде мнозинството работници не работат во недела. Во Данска и Холандија неделата најчесто е работен ден. Во ЕУ, Хрватска е една од земјите со највисок процент на работници кои работат во недела, според Евростат.
Можеби ќе ве интересира
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност




