Неби Хоџа: Филмските студија на Џон Малкович би се граделе кај касарната Илинден
Објавено во: Економија 16 Август, 2022 07:30
Неби Хоџа, претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија и еден од основачите на „Технолошки парк Скопје“, вели дека филмските и музички студија чија можна изградба во Скопје претходно ја најави холивудската ѕвезда Џон Малкович, би се граделе кај касарната Илинден.
- Би се граделе кај касарната Илинден кај магистралата што го поврзува Скопје со Косово, вели Хоџа за „Фактор“.
Претходно „Скопје технолошки парк“ при своето основање во Македонија објави дека Скопскиот технолошки парк „СТП“ ќе се гради во близина на центарот на Скопје, со точна локација со која се преговара со Владата да биде во близина на земјиштето што било одземено од семејството на управителот Иван Видаковиќ по Втората светска војна.
Хоџа вели дека продолжуваат преговорите со Владата за прогласување на СТП за стратешки инвеститор, но и дека Видаковиќ нема да се откаже дури и ако не го добие земјиштето.
- Тој е посветен и решен да продолжиме, дури и ако не го добиеме земјиштето, вели Хоџа во кратка изјава за „Фактор“.
„СТП“ најавува дека потенцијалната инвестиција ќе има центри за управување со податоци и дигитализација, вештачка интелигенција и роботика, образовна технологија, блокчејн технологија за трансакции, сајбер безбедност, FinTech и други дејности. Засега единствената дејност која е регистрирана е издавање и управување со сопствен недвижен имот или земен под закуп.
Технолошкиот парк ќе има луксузна резиденција која ќе вклучува канцеларии, продавници, ресторани и паркинг. Најавена е изградба и на два хотели и конференциски центар. Се планира изградба на кампус кој ќе вклучува IoT дата-центар за податоци, деловен инкубатор, центар за сајбер безбедност и блокчејн центар. Исто така, едношалтерски систем за односи со Владата, корпоративна регистрација, центар за вработување, апликации за грантови, програми за престој (или државјанство).
STP, исто така, ќе им обезбеди на своите стратешки партнери дополнителни можности за инвестирање во вредност од 200 милиони до 1 милијарда евра, плус поврзани проекти, односно изградба на голем центар за податоци.Малкович претходно најави дека тоа ќе биде прв центар од таков тип за снимање на холивудски филмови на Балканот. Тој најави дека ќе го посети Скопје веднаш откако Владата ќе го одобри проектот „Скопје технолошки парк“.
Деновиве управителот Видаковиќ за медиумите изјави дека апликацијата за проектот е доставена до Владата уште на 27 јануари, но досега немаат повратен одговор.
Александар Кузмановски
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




