14 Декември, 2025
0.0894

НЕ ЗАПИРАЈТЕ СО УЧЕЊЕ: Онлајн можете да совладате вештини кои се чекор кон подобро утре

Објавено во: Економија 05 Декември, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Изучување на странски јазици oнлајн, совладување на нови ИТ вештини или нешто друго може да ви помогне полесно да најдете работа.

Младите денес имаат многу можности за учење онлајн и доколку тие опции ги користат, ќе ја збогатат својата биографија, а воедно во иднина ќе си обезбедат и приходи со помош на стекнатото знаење.  Подоцна можете да се вработите во некоја компанија или да станете фриленсер. Аудио, видеоматеријали, но и тестови има за совладување на странски јазици. За да видите резултати од вложениот труд, ќе треба да поминете месеци во едукација. За оние што сакаат дополнително знаење, на интернет има платформи со многу содржини на различни теми. Велат Јутјуб е „најголемиот бесплатен факултет“, а има и одлични курсеви по прифатливи цени.

„Ја учам сега за software tester, има академии кои нудат курсеви, сите се онлајн, на пример Браинстер или Севус и после од кога ќе научиш се заработува. И овде можат да најдат работа, има ИТ фирми и кај нас, а сепак работа во ИТ е постојана работа,  не си фриленсер. Курсевите траат околу 6-8 месеци. Се плаќаат, скапи се, ама вреди да се инвестира во себе“, вели девојка од Битола.

Секој според своите афинитети треба да избере за што ќе се едуцира.

„Од моето искуство, основи на маркетинг, продажба и copywriting е применливо во сите бранши и на секого може да му користи за да се продаде на пазарот, било како фриленсер, било за вработување во компанија или за да си основа свој бизнис. Останатото зависи од тоа кој што сака да работи“, вели фриленсерот Петар Тодоровски.

Maрина Арсовска од Алфабетико јазичен центар смета дека онлајн учењето ги дава истите резултати како класичното учење, а можеби дури и подобри резултати, затоа што луѓето се опуштени. Им советува на младите да учат и истражуваат затоа што секое знаење ќе им користи понатаму во животот.

Поради пандемијата почнавме онлајн да држиме часови и многу од учениците  истражуваат повеќе, бараат материјали онлајн. На Инстаграм има многу Италијанци кои како професори даваат совети како треба да се зборува италијанскиот јазик. Може да се учи и да се вежба јазикот преку слушање на музика, гледање на филмови и читање книги. Ние нудиме и учење на шведски, холандски, норвешки јазик и не значи дека сите кои учат странски јазик ќе се иселат. Има одреден интерес и за јапонскиот јазик кај младите. Секое знаење е корисно“, вели Арсовска.

На јутјуб каналот има многу тренери за личен развој и психолози кои советуваат дека секој ден треба да учиме нови работи.

Податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС) од пред неколку години покажаа дека граѓаните во Македонија најголем дел од слободното време го поминуваат пред телевизор, односно 40 проценти.

KAKO E ВО ЕВРОПА?

Во Европа сè повеќе млади луѓе учат вештини онлајн. Како што објави Евростат, меѓу земјите - членки на ЕУ, се издвојуваат нордиските земји Финска и Шведска. Во 2019 година, 21 отсто од луѓето на возраст од 16 до 74 години во Финска следеле курс преку Интернет во последните 3 месеци, во Шведска истото го сториле 18 отсто. Во Шпанија (15 отсто), во Естонија (14 отсто), во Ирска и Холандија (13 отсто) од луѓето следеле онлајн курсеви. Истото не е многу честа појава во Бугарија (2 отсто), Романија (3 отсто) и Латвија (4 отсто). Помеѓу истражувањето за 2017 година и истражувањето за 2019 година, учеството на луѓето што следат курсеви преку Интернет се зголемило во огромно мнозинство на земјите - членки на ЕУ. Најостриот пораст е забележан во Ирска, од 4 отсто во 2017 година на 13 отсто во 2019 година (+9 процентни поени (ПП)). Учеството на луѓето што учат од курсеви преку Интернет скокна во Малта и Финска.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји