Не трпам директори што не плаќале струја, вели Ковачевски

Објавено во: Економија 05 Декември, 2022
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вели дека не трпи директори што не плаќале струја.
Вели дека не му е јасно како одредени државни институции со години не плаќале сметки за струја. Премиерот објасни дека долговите ќе се покријат само на оние кои ќе докажат дека поради оправдани причини не ги плаќале фактурите. Ковачевски е категоричен дека ќе бара и одговорност. ЕВН информираше дека повеќе институции меѓу кои државните болници, судови, затвори, зоолошка, студентски домови, се пред исклучување затоа што сите заедно должат околу 40 милиони евра.
Инаку, власта неодамна ги повика граѓаните и компаниите да штедат струја.
Можеби ќе ве интересира
Лани државата за 17 отсто ги зголемила приходите од даноци

НОВ БРАН ПРОТЕСТИ ЈА ПАРАЛИЗИРАА ФРАНЦИЈА: Училиштата затворени, сообраќајот во застој

Анѓушев: Од мај продажба на електрична енергија за извоз
ПЕНЗИСКИОТ ФОНД НА НОРВЕШКА ДОЖИВЕА НАЈГОЛЕМА ЗАГУБА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 25 ГОДИНИ: Помалку има дури 152 милијарди евра
Официјално: Над 10.000 Македонци лани работеле како странци во Хрватска

За колку се намали вредност на рубљата во однос на доларот?

ПОТРЕБНИ СЕ И ВО ЈАВЕН И ВО ПРИВАТЕН СЕКТОР: Оваа професија станува популарна

Прогнозите на ММФ контрадикторни: „Очекувајте го неочекуваното“, а оваа земја дефинитивно оди во рецесија
