14 Декември, 2025
0.0302

НЕ СТИВНУВА ГЛАДОТ ЗА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ - во февруари повторно голем раст, за дури 12 милиони евра

Објавено во: Финансии 25 Март, 2022 07:35

Добивај вести на Viber

Ако во јануари малку стивна, во февруари повторно во банките имало „јагма“ за станбените кредити. Тоа го покажуваат податоците на Народна банка на Македонија за движењето на монетарните агрегати во вториот месец од годинава.

Или, бројките на НБМ говорат дека само во февруари, македонските граѓани се задолжиле за нови 12 милиони евра кај некоја од домашните банки за да дојдат до сопствен дом, односно да купат или куќа или стан.

Ако гледаме вкупно, пак, населението од земјава на крајот на февруари им должело на банките дури 1,112 милијарди евра по основ на станбени кртедити.

Изразено процентуално, станбените кредити во февруари бележат месечен раст од 1,1 отсто, додека пак годишниот раст на станбеното кредитирање, односно февруари годинава во однос на февруари лани, изнесува 15,5 проценти.

Во јануари годинава, пак, вкупната задолженост на граѓанството по основ на станбени кредити изнесувала 1,100 милијарди евра. Бројките говорат дека јануарскиот раст на станбените кредити е повеќе од двојно помал од февруарскиот, односно тој изнесувал нецели пет милиони евра, што говори дека во јануари малку се стивнало со одобрувањето и земањето кредити за стан, но во февруари продолжува јагмата за станбени кредити. 

На крајот на декември, лани, пак, вкупната задолженост за станбени кредити изнесувала 1,095 милијарди евра.

Податоците покажуваат дека лани значајно растеле станбените кредити во земјава, и тоа во четвртиот квартал се зголемиле за 38 милиони евра, претходно во третиот растот изнесувал близу 43 милиони евра, а во вторит станбеното кредитирање се зголемило за 40 милиони евра.

А, покрај кредитирањето, нагоре одат и цените на становите, иако за февруари нема податок колку изнесувал порастот, бидејќи Народна банка на Македонија тие податоци ги објавува квартално, така што не се објавени бројките за првото тримесечие од годинава. Цените веќе достигнаа по 2.000 евра од квадрат во општината Центар во главниот град на земјава, но и во некои други поелитни населби, а и во помалку атрактивните 1.100 евра е лимитот под кој не би можеле да пазарите стан.

Лани НБМ, во својот последен квартален извештај, објави дека во четвртиот квартал од 2021 година бил забележан годишен раст на цената на квадратен метар од 11,2 проценти, што е рекорден во последната деценија.

Најголемо поскапување на квадратот е регистрирано во последниот квартал на 2008 година, кога НБМ објавила  годишен раст од цели 24,9 проценти. За таа година се очекуваше дека државата ќе влезе во НАТО, и од тие причини се прегреа пазарот на станови, кој никогаш потоа не се врати на претходното ниво.

Инаку, сегашниот раст на цените на становите, за кој патем, знаеме колкав беше пред да избие војната, а не знаеме колку ќе биде во овие страшни воени услови во кои се поскапува, градежниците го објаснуваа со понуда помала од побарувачката, која во време на пандемија порасна, како и со постојаното поскапување на материјалите. Цените на становите растеше и во цела 2020 година.

Инаку, според последните бројки на Државниот завод за статистика, расте и бројот на издадените одобренија за градба, особено кај високоградбата. Односно, во првиот месец од годинава се издадени 259 одобренија за градење, што е за 30,2 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Предвидената вредност на објектите изнесува 5.767.024 илјади денари, што е за 186 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 154, односно 59,4 отсто се наменети за објекти од високоградба, а 24 или 9,3 отсто за објекти од нискоградба.

Како што навеле од Статистика, во јануари била предвидена изградба на 353 станови, со вкупна корисна површина од 33.312 метри квадратни.

Од кредитите, благ пораст има и кај потрошувачките кредити, додека, пак, опаѓа кредитирањето по основ на кредитни картички и минусни салда.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ФЕД ПО ТРЕТ ПАТ ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ: Пауел вели засега е доволно

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ГАРАЖА ВО АЕРОДРОМ ПРОДАДЕНА ЗА 30 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ЗА КВАДРАТ ЗА СТАН ВО ЦЕНТАР ПЛАТЕНИ БЛИЗУ 3.000 ЕВРА: Еве каде и за што се давале најмногу пари

ОРЦЕ ГО ЗАТЕГА ЌЕСЕТО: Се намалуваат надоместоците за членовите на управните и надзорните одбори

ОРЦЕ ГО ЗАТЕГА ЌЕСЕТО: Се намалуваат надоместоците за членовите на управните и надзорните одбори

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи