14 Декември, 2025
0.0441

„НЕ СЕ СРАМАМ ДА КАЖАМ ДЕКА ВО ЖИВОТОТ СУМ ИМАЛ И ПРОПАЃАЊА, НО НИКОМУ НЕ СУМ СЕ ЖАЛЕЛ“ - популарниот Бобо Дајнерс ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2024 12:49

Добивај вести на Viber

Малкумина во Македонија не го познаваат Божидар Јанковски, долгогодишен директор, а од пред неколку години и целосен сопственик на Дајнерс Клуб Интернационал. Покрај тоа што е исклучително популарен и успешен бизнисмен, познатиот Бобо Дајнерс важи за еден од најурбаните, но и најдобро облечените скопски ликови.

Ексклузивно за поткастот „Бизнис муабети“, кој се емитува на нашиот портал Фактор, Јанковски ја раскажа својата деловна, но и животна приказна, во која открива многу интересни детали. На пример, дека имал и тешки моменти во животот, а одредени бизнис и пропаднале, но тој продолжувал понатаму. 

Откако тој е во „Дајнерс“, повеќе од 20 години, Бобо открива дека компанијата постојано работи профитабилно. 

„За промет е беспредметно да се зборува, но можеме да зборуваме за профит. Дајнерс клуб, откога сум јас, нема година која компанијата не ја завршила со профит. Некогаш со поголем, некогаш со помал. Профитите се движат од 100 илјади, 200, 300, па до 400 илјади евра годишно, и така натаму“, открива овој бизнисмен.

Тој не се срами да каже дека имал и многу тешки моменти, во кои во прашање била доведена дури и егзистенцијата. 

„Јас имам една биографија, според која неколку пати сум пропаѓал. И јас не се срамам од тоа. Не се срамам од тоа да кажам дека сум имал свои тешки моменти. И не сакам да звучи ова дека се жалам, но ми била доведена во прашање егзистенција. И на кого тогаш да се жалам. На татко ми, кој бил во Филхармонија, или, пак, на мајка ми, која работеше како новинар, а потоа и како службеник во министерство. И, што да им кажам - еј, види, ни пропадна бизнисот, сега јас имам проблем, и сега што ќе правиме“, објаснува Јанковски.

На прашањето на нашиот водител Мишко Иванов колку бизниси му имаат пропаднато, Бобо Дајнерс одговара дека тоа биле неколку.

„Неколку ми успеаја, неколку ми пропаднаа, некои ги напуштив. Тоа не е ништо страшно“, вели Јанковски. 

А, на прашањето како се кревал од овие тешки моменти, познатиот бизнисмен одговорот го започнува со „Ништо, ќе станеш наутро...“.

За повеќе детали ќе го погледнете нашиот поткаст „Бизнис муабети“ за неколку дена, кој се емитува на порталот Фактор, и тоа секој петок, само за Вас, почитувани читатели. 

  

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји