27 Април, 2024
0.0292

НЕ САМО ШТО НЕ ИМ СЕ ИЗВИНИ НА СЛУЖБЕНИЦИТЕ, ТУКУ И ИМ ПОРАЧА ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА ЈА МЕРАТ УЛИЦА „МАКЕДОНИЈА“ - конечно и Џафери се огласи за снимките

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Брифингот на собранискиот спикер Талат Џафери не ги донесе одговорите што од него ги очекуваше јавноста. 

„Ако некој мисли дека собраниската служба треба работното време да го помине на ул. Македонија, наместо на работното место, тогаш граѓаните немаат потреба од таква служба“, рече денеска на брифингот првиот човек на Собранието. 

Како што веќе граѓаните имаа прилика да чујат, спикерот беше снимен како им се обраќа со погрдни зборови на собраниските службеници. 

Тој денеска кажа дека не чуствува потреба да се извини во врска со овие снимки. 

„Ако некој мисли дека ќе ја пуштам службата да не работи, се лаже. Имаат осум часа работно време и толку треба да се на работното место”, кажа Џафери на брифингот.

Инаку, тој денеска на брифингот тврдеше дека пцовките не биле кон вработените, туку кон нивниот однос кон работата што ја имаат. 

Инаку, според Џафери, вработените направиле грешка затоа што нему му доставиле погрешни материјали и ќе се оцени дали ќе се поведе дисциплинска постапка против нив, но ова не е лов на вештерки, смета спикерот. „Службениците треба соодветно да ги исполнуваат своите обврски, а ако некој и понатаму продолжи да прави такви грешки, соодветно ќе се постапи во иднина“, рече тој.

За Џафери е покрената соодветна процедура во Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и материјалот е процесуиран. Но, тој одби да коментира дали има основ за негова суспензија.

Според Џафери, со Деловникот за работа се пропишани надлежностите, а службата треба да создава услови за непречено одвивање на седниците. Тој рече дека минатата годфина билче набавени 100 компјутери за нив, за да имаат предуслови за работа.

Инаку, на брифингот со новинарите Џафери не и даде збор ниту на Генералната секретарка, Цветанка Иванова. 

Тој беше прашан и дали им се извинил на службениците, на што одговори: „Ќе ви кажат службениците“.

Тој всушност тврдеше дека како претседател спречил катастрофа на 71. седница. 

„Доколку се оди до крај, за таква грешка се оди дома. Материјалот кој се подготвил по гласање на дневниот ред, така како што беше подготвен, ја враќа седницата на почетокот. Ако не увидев на таква грешка, можеше да доведе во ситуација да не може да се поврати седницата. Таа не е лична работа, таа е одлука на Собранието. Собранието одлучува по дневниот ред. Такви материјали значеа седницата да се врати назад“, дообјаснуваше Џафери.

На брифингот со новинарите, Џафери објасни дека нема да испитува дали намерно се оставени вклучени микрофоните по седницата, кога тој почнал да цуе.

„Не е целта лов на вештерки да правиме. Да ги ловам вработените на грешки. Суштината е апропо статусот да ги извршуваат соодветно обврските. Ако ова продолжат ваквите грешки, ќе има соодветна постапка“, објасни Џафери.

На новинарското прашање, пак, зошто не дозволува на генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова да даде свое мислење, тој рече дека тој го организирал брифингот и ќе го спроведува, како и дека Собранието не е приватна сопственост. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“