Не сакаме валкани игри, ниту хибрид: Таравари отфрла коалиција со ДУИ
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2020 10:16
Да нема политичари со тенденција општеството да го делат на ин и аут-групи, „ние“ наспроти „тие“. Ние нема да се пазариме, вели Арбен Таравари од Алијансата на Албанците во интервју за „Слободен печат“. Али Ахмети повика албанските партии да се обединат околу идејата за Албанец премиер, но Таравари ја отфрла можноста тие да влезат во таков проект. Таравари смета дека тоа што го направил Ахмети со предлогот било изборен трик, многу помалку идеја за обединување на Албанците.
Во услови кога се прават комбинаторики за идното парламентарно мнозинство и за новата влада Таравари вели дека Алијансата за Албанците се уште немала контакт со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Тој сепак тврди дека е невозможна мисија коалицирањето на ДУИ и Алијансата на Албанците.
„Нам не ни се одлика валканите политички игри, пресметки и калкулации. Впрочем, со таквото чисто минато и сегашност сакаме да влеземе во идната влада. И по секоја цена ќе се бориме да го задржиме својот интегритет и доследност кон граѓаните. Во таа смисла, невозможна мисија е ДУИ и Алијансата да се најдат на истото место. Не сакаме да создаваме хибрид којшто нема да функционира, ниту, пак, мислиме дека треба да дозволиме нашата партија да се претопи во сојуз со субјектот којшто е целосно дегенериран и чие досегашно дејствување и последици ќе се чувствуваат со генерации. И пак ќе повторам, нашата цена е да учествуваме во развојот на ова општество, а не во неговото уназадување“, вели Таравари.
Можеби ќе ве интересира
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП




