Не одете никаде без чадор, попладне ќе врне дожд

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2023
Претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе имаме наоблачување и дожд.
Времето во Македонија ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места ќе има поинтензивна нестабилност во форма на невреме со услови за изолирана појава на град.
Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и дневна температура од 26 Целзиусови степени.
Утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивна нестабилност во форма на невреме со услови за изолирана појава на град.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се искачат до 28 степени. Деновиве имавме поплавени улици во Велес, но и поплавени куќи и дворови во Гостивар. Невреме вчера имало и во Кичево.
foto freepik.com/boyarkinamarina
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осомничениот за убиството на жената во Кочани доби притвор, платформата за родова еднаквост бара одговорност за фемицидот

Осомничениот за убиството на жената во Кочани доби 30 дневен притвор

Обвинителен акт има против полицискиот инспектор за убиството на мигрантката од Сиера Леоне

Дали СДСМ ќе има заеднички претседателски кандидат со ДУИ?

Филипче: Имавме сериозен хируршки зафат кај шестмесечно бебе, на овој мал борец му овозможивме шанса за успешен раст

СИСТЕМОТ ПОТФРЛИЛ И НЕ ЈА ЗАШТИТИЛ ЖЕНАТА ОД КОЧАНИ: Платформата за родова еднаквост бара одговорност за фемицидот

МОЖНА КАЗНА И ДО 120 ИЛЈАДИ ЕВРА - еве кој и колку ќе плати за загадување на Маркова река

УТРЕ ЌЕ СЕ ЗНАЕ КОГА ЌЕ СЕ ДОСТАВАТ УЧЕБНИЦИТЕ ЗА ТРЕТО И ШЕСТО ОДДЕЛЕНИЕ: Шаќири рече дека биле готови

„САКАЛЕ ДА СЕ МЕШААТ ВО СТРАТЕШКИ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ НА МАКЕДОНИЈА“: Петровска ги обелодени причините за протерувањето на руските дипломати од земјава
