17 Декември, 2025
0.0684

НЕ НИ ПОНУДИЈА НИКАКВИ ПАРИ ДА ДАДЕМЕ ПОДДРШКА НА КЛИНИКАТА „ЖАН МИТРЕВ“: Пациенти се организираа да раскажат за нивните позитивни искуства

Објавено во: Македонија 25 Август, 2022 14:07

Добивај вести на Viber

Дваесеттина пациенти се потпишале, а дел од нив денеска се организирано се собраа пред приватната клиника „Жан Митрев“, за да, како што рекоа, искажат поддршка на кадарот кој ги лекувал додека биле болни од корона вирусот.

-Дојдов тука, пред Клиниката „Жан Митрев“ на своја инцијатива. Тука на овој лист сме потпишани 20-тина луѓе зошто сметаме дека јавноста треба да ја слушне и приказната и на пациентите кои се задоволни и кои имат позитивно искуство. Јас лично бев во многу тешка состојба, по само два дена од заразувањето, болеста ми ги нападна белите дробови, сатурацијата ми беше под 70. Сам се довозев до клиникава и веднаш ме презедоа. Завршив и на респиратор, а пред да ми биде направена хемофилтрација, ме прашаа и мене и мојот татко дали се согласувам. Веднаш по првата хемофилтрација мојата состојба се подобри. Хемофилтрацијата ми го спаси животот. Излегов од клиникава жив и сега се радувам на мојот 8-месечен син, рече еден од пациентите кои биле хоспитализирани во Клиниката „Жан Митрев“ заради компликации од корона вирусот.

Речиси идентично искуство сподели и друг пациент кој на прашањето на новинарите дали добиле некакви ваучери за да се соберат и да дадат поддршка, категорично негираше.

-Не, не сме добиле никакви ваучери. Пред да ми биде напоравена хемофилтрацијата моето семејство даде согласност, бевме прашани. Престојот тука ме чинеше 20.000 евра. Нешто имавме, нешто позајмивме. Не сум мал потреба по ковидот за лекарски прегледи, но доколку имам, сигурно ќе дојдам пак тука да се лекувам, истакна пациентот.

Инаку, овие пациенти во поканата за денешната прес конференција наведоа дека како пациенти на клиниката чувствуваат потреба да ја кажеме и нашата страна на приказната. 

А. Б. 

Можеби ќе ве интересира

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето