НЕ НИ ПОМИСЛИВМЕ ДА НАПРАВИМЕ НЕКОЈА ПРОВОКАЦИЈА, АКО СМЕ ЗГРЕШИЛЕ, НЕКА НЕ СУДАТ - претседателот на Цар Борис Трети го правда отворањето на бугарскиот клуб
Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2022 14:31
Здружението на бугарски културен клуб „Цар Борис Трети” е отворено пред една година со сите документи, со сета почит кон државата, институциите и законите. Ние сме почитувачи и само го избравме ликот на Цар Борис III како еден бугарски цар. Ние ниту сме помислиле да направиме некоја провокација, ниту ништо. Ова го кажа претседателот на здружението Томе Блажевски, денеска пред медиумите по неговото отворање во Охрид.
За протестот против отворањето, Блажевски вели дека тоа е граѓанско право и дека не можат да запрат никој.
– Ние ниту сме помислиле да направиме некоја провокација, ниту ништо. Ние си живееме во Охрид, во Македонија. Не сме имале проблем со луѓето. Не сме провоцирале некого. Како што кажав, сѐ се исполитизира и тоа е – изјави Блажевски.
– Последнава, скоро една година почна да се политизира целата работа и се крена глас против нас. Ние се оградивме дека немаме никаква соработка или некои неонацистички или фашистички движења. Доколку имаме, нас нека нѐ судат. Меѓутоа, ние таква работа не сме направиле. Нашето е, како што кажав, само почитувачи и само го избравме ликот на цар Борис како еден бугарски цар и тоа беше сѐ – изјави Блажевски.
Според него, тие не направиле никаков прекршок и ги запазиле сите закони.
– Ние доколку нешто сме згрешиле, се извинуваме на целата јавност. Не направивме никаков прекршок, ги запазивме сите закони со целатат почит кон државата Република Македонија, кон Македонците. Немаме никаков проблем засега, меѓутоа како што кажав се исполитизира многу работата и се надеваме да си биде сѐ во ред – изјави Блажевски.
Можеби ќе ве интересира
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија
Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено
Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот
Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина




