13 Мај, 2024
0.0230

Не, не и не: Гигс никогаш нема да го преземе Ливерпул

Објавено во: Спорт 10 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Дербито помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед претстои овој викенд, а провокациите на оската „Енфилд“ -„Олд Трафорд“ почнуваат. Легендата на „црвените ѓаволи“, Рајан Гигс гордо вети дека никогаш нема да работи во големиот ривал од градот на „Битлси“.

Во моментов Гигс се манифестира како фудбалски коментатор, но планира еден ден да биде менаџер, откако до ова лето беше помошник на Луис ван Гал во Јунајтед. Неодамна Велшанецот, кој беше поврзуван за нов тренер на Свонси, прокоментира дека овој тим не одговара на неговите амбиции. Следи прашањето - а Ливерпул?

- Не. Едноставно - не. Го почитувам Ливерпул, но никогаш не би го презел. Инаку ќе останам без пријатели, признава со рака на срцето легендарниот бр.11, цитиран од ESPN.

- Ливерпул за мене е нашиот најголем ривал, бидејќи додека растев, тие ги освојуваа сите титули и беа тим за имитација. Ова е голем клуб, но за мене ривалството е премногу големо и нема начин како да работам во Ливерпул, објасни 42-годишниот поранешен репрезентативец на Велс.

- Сигурен сум дека истото ќе го каже и Стивен Џерард, ако го прашате дали би го презел Манчестер Јунајтед. Едноставно ќе каже не.

- Отсекогаш сум бил приврзаник на Јунајтед. Таа ги сакаше „Бебињата“ на Бизби, го сакаше Џорџ Бест. Таа е причината да сум толку голем обожавател на Манчестер Јунајтед, изјави уште поранешната ѕвезда од „Олд Трафорд“.