„НЕ МОЖЕМЕ ДА ВЕРУВАМЕ ДЕКА НЕ НИ ДОЗВОЛИЈА ДА ДАРУВАМЕ КРВ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ДЕЦА ВО ПОЖАРОТ: Голем број граѓани вратени од Клиниката за трансфузиологија
Објавено во: Македонија 16 Март, 2025 09:37
Голем број граѓани кои утрово се упатија кон Клиниката за трансфузиологија во Скопје со цел да даруваат крв за повредените во страшниот пожар што синоќа ја погоди дискотеката во Кочани, непријатно биле изненадени кога оттаму ги вратиле. Им било кажано дека има доволно резерви на крв.
„Дојдов веднаш штом слушнав за трагедијата. Сакав да помогнам, но ни рекоа дека имаат доволно крв. Во вакви моменти не ми е јасно зошто не прифаќаат, кога знаеме дека секогаш е потребна“, вели за Фактор, Дејан од Скопје кој сакал да донира крв. скопјанец, еден од граѓаните кои беа спречени да донираат.
„Бев во шок кога ни рекоа дека не ни треба нашата крв. Сите ние дојдовме со намера да помогнеме, а сега се враќаме дома со чувство дека не направивме доволно, сподели слично искуство и 50-годишниот Андреј, исто така од Скопје.“
Трагедија од невидени размери во Кочани
Во пожарот што избувна доцна синоќа во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа повеќе од 50 млади луѓе, а над 100 се повредени. Пожарот избувнал околу 3 часот по полноќ, најверојатно како последица на употреба на пиротехнички средства во затворен простор. Свесни за сериозноста на ситуацијата, граѓаните масовно се упатија кон скопските клиники за да донираат крв, но дел од нив беа вратени.
Во меѓувреме на на социјалните мрежи се повикуват граѓаните да помогнат за Општата болница – Кочани. Апеелот е зa помош за обезбедување вода, физиолошки ќебиња и кислород во болницата во Кочани, како и помош при транспортот на дел од повредените во синоќешниот пожар кои се згрижени во болницата.
А. Б.
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




