НЕ МОЖЕ ДА СТИГНЕ ДО МОСКВА: Две земји забранија прелет за авионот на Вучиќ
Објавено во: Балкан 06 Мај, 2025 20:18
Авионот со српскиот претседател Александар Вучиќ не може да стигне до Москва.
По Литванија и Латвија му го забрани летот на српскиот претседател Александар Вучиќ на пат кон Москва во Русија. Авионот во кој ќе патува претседателот на Србија нема да може да помине низ Латвија поради „политичката чувствителност на целта на летот“.
Литванија му забрани на Вучиќ да лета „поради техничка и дипломатска чувствителност“. На премиерот на Словачка, Роберт Фицо, му е забрането да лета над Полска и Литванија на пат кон Русија, бидејќи во петок, 9 мај, се одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот на Црвениот плоштад во Москва.
На воената парада на 9 мај во Москва по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија се очекува да присуствуваат 29 странски лидери, воени претставници од Кина и претставници од уште 12 држави, изјави денеска советникот на рускиот претседател за надворешна политика, Јуриј Ушаков.
Тој додаде дека е предвидено рускиот претседател Владимир Путин да има и билатерални средби со кинескиот претседател Си Џинпинг и премиерот на Словачка, Роберт Фицо.
Украина предупреди дека не ја гарантира безбедноста во Русија тој ден. Украина вчера и денеска изврши напади на руско тло, а поради напади со дронови затворени беа повеќе руски аеродроми.фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?




