24 Октомври, 2024
0.0878

„НЕ МИ СЕ ЖАЛИ ЗА НЕШТО ШТО БИЛО ПРЕД ПЕТ ГОДИНИ, НАПРАВИ НЕШТО“ - нови детали од поткастот „Бизнис муабети“ на Фактор

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Малкумина во Македонија не го познаваат Божидар Јанковски, долгогодишен директор, а од пред неколку години и целосен сопственик на Дајнерс Клуб Интернационал. Покрај тоа што е исклучително популарен и успешен бизнисмен, познатиот Бобо Дајнерс важи за еден од најурбаните, но и најдобро облечените скопски ликови.

Ексклузивно за поткастот „Бизнис муабети“, кој се емитува на нашиот портал Фактор, Јанковски ја раскажа својата деловна, но и животна приказна, во која открива многу интересни детали. На пример, дека имал и тешки моменти во животот, а одредени бизнис и пропаднале, но тој продолжувал понатаму. 

Пренесовме дел од разговорот, но денеска уште неколку интересни сегменти од поткастот „Бизнис Муабети“ со познатиот водеител Мишко Иванов, кој се емитува само на економскиот портал Фактор. Целиот разговор со бизнисменот Јанковски ќе можете да го проследите во текот на утрешниот ден. Не пропуштајте. 

А, сега издвојуваме уште неколку „скокотливи“ делови, за тоа како изгледа здраво размислување на еден деловен човек. 

„Мене лично, секогаш ме нервирало кога ќе имало локал за одбрно друштво. Тоа го имало и секогаш ќе го има, но јас не мислам дека тоа е добро. Јас лично не сакам да бидам дел од одбрано друштво. И секогаш ме нервирало кога ќе имало локал за одбрано друштво“, дециден е Јанковски. 


И, уште една многу сериозна поента.

„Не сакам разговори кои се нон стоп жалење и тажење. Направи нешто, не ми се жали што било пред пет, пред 10, пред 20 години. Не ми се жали што било вчера. Вчера не постои. За нешто што се случило вчера, ниту јас ниту вие нема да имаме исто мислење после пет години. Ниту, пак, тоа ќе можеме да го смениме“, вели овој познат бизнисмен.

Следете не...  Само на Фактор  

Можеби ќе ве интересира

Горан Трајковски: Јогурт од еден килограм се продава како еден литар

Горан Трајковски: Јогурт од еден килограм се продава како еден литар

Владеачкото мнозинство ги повлече спорните измени на Закон за јавни набавки

Владеачкото мнозинство ги повлече спорните измени на Закон за јавни набавки

Димитриеска -Кочоска: Институциите немаат соодветен квалитет да следат намалување на трговски маржи

Димитриеска -Кочоска: Институциите немаат соодветен квалитет да следат намалување на трговски маржи

Народна банка ја намали каматата на благајничките записи

Народна банка ја намали каматата на благајничките записи

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари