10 Јуни, 2023
0.0232

НЕ КАЖА КОЈА Е ТАА ДРЖАВА: Зеленски се пожали дека некоја европска земја им пратила систем за воздушна одбрана, но тој не работел

Објавено во: Свет 29 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Новинари од Асошиетед прес го придружуваа Володимир Зеленски на дел од неговото патување оваа недела низ предните региони и во пограничниот регион Суми.

Во тоа време, украинскиот претседател ги повтори барањата на Украина за помодерно оружје, а исто така рече дека некои елементи обезбедени од Западот не функционираат.

„Имаме одлични одлуки за патриотите, но ги немаме во реалноста“, рече тој, мислејќи на ветениот систем за воздушна одбрана од САД.

Зеленски рече дека на Украина и се потребни 20 батерии од системот Патриот, за заштита од руски ракети, но дека „и тоа можеби не е доволно“, бидејќи ниту една земја во светот не била нападната со толку многу балистички ракети.

Зеленски додаде дека европската нација испратила друг систем за воздушна одбрана во Украина, но тој не функционирал, и тие „морале да го менуваат одново и одново“. Тој не прецизираше која е таа држава.

Зеленски го повтори и неговото постојано барање за борбени авиони. Тој се пожали дека Украина „се уште нема ништо кога се во прашање модерните борбени авиони“.

Полска и Словачка одлучија да ѝ дадат на Украина борбени авиони од советската ера, но ниту една западна земја досега не се согласи да обезбеди модерни воени авиони, поради загриженоста дека може да го ескалира конфликтот, како и поради предизвиците за обука.

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

Џастин Трудо во ненајавена посета на Киев

Џастин Трудо во ненајавена посета на Киев

ОН: На 700.000 Украинци им треба вода за пиење

ОН: На 700.000 Украинци им треба вода за пиење

По еден месец од авионската несреќа, пронајдени живи децата од Колумбија во прашумите на Амазон

По еден месец од авионската несреќа, пронајдени живи децата од Колумбија во прашумите на Амазон

Кореанците трупаат залихи сол и нема да јадат повеќе морска храна, Јапонија ќе испушта контаминирана вода од Фокушима

Кореанците трупаат залихи сол и нема да јадат повеќе морска храна, Јапонија ќе испушта контаминирана вода од Фокушима

ЈА ПОСЕТИ И МАКЕДОНИЈА: Данец го прошета светот без да се качи во авион

ЈА ПОСЕТИ И МАКЕДОНИЈА: Данец го прошета светот без да се качи во авион

Русинот кој настрада во Египет побегнал од Русија за да не го мобилизираат?

Русинот кој настрада во Египет побегнал од Русија за да не го мобилизираат?

Кој е мотивот за нападот кој Сириецот го изврши во Франција?

Кој е мотивот за нападот кој Сириецот го изврши во Франција?

СЀ ПОВЕЌЕ ЗНАЦИ ДЕКА „ТРГНА“ УКРАИНСКАТА КОНТРАОФАНЗИВА - Истокот е епицентарот на борбите

СЀ ПОВЕЌЕ ЗНАЦИ ДЕКА „ТРГНА“ УКРАИНСКАТА КОНТРАОФАНЗИВА - Истокот е епицентарот на борбите

Трамп го возвраќа ударот, негов соработник објави фотографии од голиот Хантер Бајден со проститутки

Трамп го возвраќа ударот, негов соработник објави фотографии од голиот Хантер Бајден со проститутки