05 Мај, 2024
0.0186

НЕ ИЗДРЖА: Федерер плачејќи ја заврши кариерата

Објавено во: Спорт 24 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Роџер Федерер во својот последен натпревар во кариерата не успеа да забележи победа во двојки со Рафаел Надал, иако беа на поен од триумф, но на крајот славеше американскиот пар Џек Сок и Френсис Тијафо со 4-6, 7-6, 11-9

Последниот натпревар во кариерата на легендарниот швајцарски тенисер одигран на егзибицискиот Лејвер куп во Лондон траеше два часа и 15 минути и донесе фантастичен тенис. 

Во драматичен расплет, исполнет со безброј прекрасни поени, Федерер и Надал во продолжениот тајбрејк поведоа со 9-8 и имаа меч топка на сервис на Швајцарецот, но Сок и Тијафо нанижаа три поени и му ускратија победничко збогување на Федерер со тенисот. 

„Ова беше прекрасен ден. Им реков на момците дека сум среќен, дека уживав. Беше ова одличен натпревар“, изјави Федерер пред публиката во преполната О2 Арена во Лондон, 

Федерер потоа со многу емоции и солзи се поздрави со членовите на Тимот на Европа, а емотивното збогување продолжи и кога се поздравуваше со противничкиот табор од Тимот на остатокот на светот. 

Федерер стави точка на кариерата во која освои 103 трофеи, вклучувајќи 20 грен – слем титули.