14 Декември, 2025
0.5566

НЕ ИГРАЈТЕ КАКО ШТО ВИ СВИРАТ ТИЕ: Партијата на Орбан на билборд ги стави Фон дер Лајен и синот на Сорос

Објавено во: Свет 20 Ноември, 2023 14:49

Добивај вести на Viber

Унгарската партија Фидес ја критикува претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен. 

Оваа партија денеска постави билборди во кои ја критикува Фон дер Лајен. Во текот на ноќта, на кампањските плакати за европските парламентарни избори во јуни следната година се гледа Фон дер Лајен заедно со Алекс Сорос, син на либералниот милијардер инвеститор со унгарско потекло Џорџ Сорос, долгогодишна цел на непријателство од партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан.

Слоганот е: „Не играјте како што ви свират тие“. Орбан, чија влада се обидува да деблокира милијарди евра од фондовите на ЕУ суспендирани од Брисел поради политиката на Фидес, во саботата рече дека Унгарија „мора да каже не на сегашниот европски модел изграден во Брисел“.

Сорос е Евреин и некои критичари сметаат дека централната улога што тој ја игра во пропагандата на Фидес е доказ за антисемитизам, што Фидес категорично го отфрла. Слични билборди на кои е прикажан Јункер заедно со постариот Сорос (Џорџ Сорос) предизвикаа прекор од Брисел во 2019 година.

Орбан е против тоа Украина да почне преговори со Европската Унија (ЕУ). Тој цело време е против испраќање оружје во Украина. 

фото: принтскрин

Можеби ќе ве интересира

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина