18 Декември, 2025
0.1128

НЕ ГО „ХРАНЕТЕ“ ОГНОТ СО КИСЛОРОД, А СО ПП АПАРАТ НЕ СЕ ДОБЛИЖУВАЈТЕ БЛИСКУ: Еве што треба да направите при појава на пожар во затворен простор

Објавено во: Македонија 02 Април, 2025 07:32

Добивај вести на Viber

Во случај на пожар во затворен простор, потребно е да се направат неколку постапки со цел тој да се угуши, да не направи големи штети и да не предизвика човечки жртви. При појава на пожар во затворен простор, потребно е на истиот да му се ограничи протокот на кислород за да не се разгорува, а доколку луѓето сакаат огнот да го изгаснат со вода, треба да внимаваат на приклучоците со струја, затоа што тоа може да биде фатално.

„За пожари во затворен простор, ако станува збор за домови, пожарот се случува во просторијата каде има температура. Горлива маса, температура и кислород се трите фактори кои се неопходни за да избие пожар. Кислородот го имаме во сите простории. Горливата маса може да биде кога се готви, пржи, пече нешто. Најдобра форма е со покривање со ќебиња за заштита од пожар во почетна фаза. Тие го неутрализираат еден од факторите кои се битни за да се развие пожарот, тоа е воздухот. Тоа е она со што можеме да го задушиме огнот. Никако да не се фрла масло или вода на огнот. Тоа може да го распламти пожарот и да се прошири на другите елементи. Може да има поголема реакција. Вода не се употребува никако во кујна. Лош пример е кога се користеше вода во пожарот во Турција, каде гореше хотел.  Ако пожарот се случи во останатиот дел од домот, каде има комоди или некој друг дел од мебелот и ако гори, може да се употреби вода, ако во близина нема приклучоци на струја. Додека имаме во близина струја, водата може да го усмрти оној што ја користи“, објаснува Зоран Кочоски, претседател на Противпожарниот сојуз на Македонија.

Но, и за ПП апаратите, ако решите да ги користите, треба да внимавате на растојанието, односно да не се приближувате многу до огнот. Тоа растојание не смее да биде помало од 1.5 метри од огнот.

„ПП апаратот кој е полн со прашок само го покрива пожарот, да го неутрализира дотокот на кислород. Или апарати со CО 2, тие може да се искористат, тоа лади и се препорачува таму каде имаме сериозна инсталација со кабли. Битно е да не се приоѓа блиску до пожарот. Со првото тестирање на апаратот, мора да видите како пожарот ќе реагира. Ако дојдете блиску и ако сте под несоодветен агол, ако така го гасите пожарот, огнот може да ве запали и затоа се препорачува растојание од минимум  1.5 метари за мал пожар, а за поголем од 3 до 5 метри. Ако се приближите на поголем пожар, со млазот ако реагирате, ќе ве облее вас, може да настане прскање и да ви направи штета“, објаснува Кочоски.

Ако има премногу чад, добро е да се стави мокра крпа на устата. Во пожарот во дискотеката во Кочани, минатиот месец, на 16 март загинаа 59 луѓе. По трагедијата, имало голема побарувачка на ПП апарати, односно за една недела се продале толку колку што вообичаено се продаваат за цела година. Поради големиот интерес, се зголемила и цената на ПП опремата. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија