05 Декември, 2025
0.0747

НЕ Е ЗАВРШЕНО: Индискиот сој ги врати маските и рестрикциите во Израел и во Португалија

Објавено во: Свет 25 Јуни, 2021 10:33

Добивај вести на Viber

Носењето заштитни маски на јавни места во затворен простор од денеска повторно е задолжително во Израел.

Одлуката е донесена откако во државата е регистрирано зголемување на бројот на лица заразени со новит коронавирус, иако повеќе од половина Израелци веќе примиле две дози на вакцина против ковид-19.

„Поради зголемувањето на бројот на заразени, Министерството за здравство донесе одлука од денеска напладне маските повторно да бидат задолжителни во затворен простор“, се вели во соопштението на израелското Министерство за здравство.

Португалија ги враќа ограничувањата откако странски туристи предизвикаа зголемување на нови инфекции со ковид-19 само по еден месец откако се отвори државата за патувања. Новите мерки ќе бидат воведени во регионот на Лисабон и во туристичкиот Алгарве Албуфеира, познат по своите плажи.

Властите се обидуваат да ја забрзаат вакцинацијата што е можно повеќе за да се ограничи ширењето на инфекцијата. Повеќе од половина од случаите во Лисабон се од варијантата Делта, што е раширена во Велика Британија. Португалија беше единствената европска земја што се отвори за британските туристи со негативен тест против ковид-19.

Од 15 часот денеска  до 6 часот наутро в понеделник, луѓето мораат да покажат негативен тест или потврда за вакцинација за да влезат и да го напуштат Лисабон.

Ресторани, кафулиња и продавници за храна во Лисабон и Албуфеира ќе бидат отворени до 15.30 часот за време на викендите, а супермаркетите и продавниците за храна – до 19 часот.

Новите случаи на коронавирус се зголемија за 1.566 вчера, најголем скок од крајот на февруари, кога државата, со нешто повеќе од 10 милиони луѓе, беше во блокада. Португалија регистрирала 869.879 случаи и 17.079 смртни случаи од почетокот на пандемијата

Триесет отсто од населението е целосно вакцинирано.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда

(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда

Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран

Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите