Не е до мобилните, тоа е смешно - украинската армија објасни како ги лоцирала руските војници во Макиивка
Објавено во: Свет 04 Јануари, 2023 17:25
Украинската војска денеска откри дека мобилните телефони не се главната причина како ги лоцирале руските војници во Макиивка, пишува Си Ен Ен.
Серхиј Череватји од украинската војска вели дека не е паметно да се користат телефони со геолокација, но објаснувањето е смешно.
Русија претходно објави дека загинале 89 војници и дека украинската војска ги открила затоа што неовластено користеле мобилни телефони.
Череватји вели дека руската страна бара виновници и вината се префрла од еден на друг. Рече дека не е само до телефоните, туки руските сили не биле соодветно скриени, а тоа било толку очигледно и украинската војска тоа го искористила.
Патриотска група која ги претставува вдовиците на руските војници го повика рускиот претседател Владимир Путин да нареди масовна мобилизација на милиони мажи и да ги затвори границите за да обезбеди победа во Украина, пишува Скај Њуз.
Foto: FaH
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




