14 Декември, 2025
0.0492

НЕ Е ДО ЦЕНАТА НА ПЧЕНИЦАТА: Зошто во Хрватска најмногу поскапе лебот?

Објавено во: Економија 08 Мај, 2025 17:23

Добивај вести на Viber

Истражување покажа дека лебот во Хрватска поскапел далеку повеќе од просекот во Европската Унија(ЕУ). 

Истражувањето кое го направи европратеничката Билјана Борзан, покажа дека цената на лебот во Хрватска се зголемила дури за 60 отсто во последните неколку години – што е за 20 отсто повеќе од просекот на ЕУ.

Се вели дека постојат алчни алки во синџирот на профит кои ја користат ситуацијата. Посебен проблем претставува увозот на готови пекарски производи, кои директно ги загрозуваат домашните производители и влијаат на стабилноста на пазарот.

Дека поскапувањето на лебот веќе нема врска со цената на пченицата, потврдува и Јосип Бичвиќ, член на управата на славонската групација „Жито“, кој за РТЛ ја објасни состојбата. 

„Цената на лебот веќе извесно време нема никаква корелација со цената на пченицата. Ако беше поинаку, минатата година ќе имавме значително поевтин леб, бидејќи пченицата беше поевтина. Наместо тоа, цените останаа високи. Очигледно денес врз нив влијаат други фактори – енергенсите, трошоците за работна сила, но веројатно и желбата за поголем профит“, рече тој. 

На оваа состојба реагираше и министерот за економија Анте Шушњар, кој тврди дека Хрватска не е исклучок и дека веќе се преземени конкретни мерки за контрола на цените на основните прехранбени производи:

„Според нашата регулатива, цената на лебот не смее да ја надмине границата од 1,5 евра по килограм, односно 0,75 евра за половина килограм. Донесовме мерки за ограничување на цените на основните производи кои им се важни на граѓаните“, порача Шушњар, нагласувајќи дека Хрватска по тоа прашање не стои полошо од другите членки на ЕУ, пренесува Дневно.

Хрватската влада кон крајот на јануари донесе одлука за директни мерки за контрола на цените во малопродажбата, со која списокот на производи под надзор се прошири од 30 на дури 70 артикли. 

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји