14 Декември, 2025
0.1289

„НЕ БИДТЕ СЛЕПИ, ГЛУВИ И НЕМИ“: ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЕУРОНИКЕЛ ПОВТОРНО ПРОЕСТИРАА: Од понеделник доаѓаат во Скопје

Објавено во: Економија 01 Декември, 2023 11:40

Добивај вести на Viber

Нема да дозволиме фабриката по 40 години да згасне како старо железо, се вели во отвореното писмо, кое денеска го испратија од синдикалната организација на „Еуроникел индустри", до премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Фатмир Битиќи, Сања Лукаревска, директор на Управа за јавни приходи и до Митко Јанчев, градоначалник на Општина Кавадарци.

- Седми ден откако стоиме надвор на патот и бараме да ги исполните вашите законски обврски, да го вратите ДДВ-то за месец август чие плаќање го доцните повеќе од месец дена, а сега веќе и септемвриското ДДВ стигна за враќање. Ние веќе немаме здраствено осигурување. Наши колеги не можат да си препишат редовна терапија, операции на наши деца не можат да се извршат заради немање здраствено осигурување, наши колешки не можат да го остварат правото на породилно отсуство - се вели во писмото испратено и до медиумите.

Оттаму информираат дека денеска  повторно ќе бидат на блокада на патот Градско-Прилеп.

- Но следната недела ќе дојдеме во Скопје пред Влада, можеби тогаш ќе го слушнете нашиот глас. Ние нема да се откажеме, тоа се наши пати, наша егзистенција. Нема да се откажеме од нашата фабрика, работеше 40 години и натаму ќе работи - порачуваат тие.

Од Синдикатот нагласуваат дека не бараат милостина. 

- Бараме да се исплати ДДВ-то што и се должи на фирмата и што сте должни по закон да го исплатите, за да може вработените да земат плата, да добијат здраствено осигурување. Покажете доблест и грижа за нас, вашите граѓани. Ние сме ваша одговорност како граѓани, не разбираме која е целта и намерата за намерно држење на средства кои за нас се единствен извор на егзистенција. Со години го полневме државниот буџет, не заслужуваме ваков однос. Не бидете слепи, глуви и неми на нашите барања - порачуваат од Синдикатот. 

Како што објави Фактор, се шпекулира дека ИГМ Трејд макар и времено би можела да биде покровител за спас односно за одржување во живот на гигантот „Еуроникел индустри“ (поранешниот ФЕНИ). Добро упатени извори посочуваат дека банката најголем доверител преговара за ФЕНИ со сопственикот на ИГМ Трејд – една од најголемите и најуспешни македонски компании

Можеби ќе ве интересира

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји