НАВИДУМ ОБИЧЕН РИБОЛОВЕН ДЕН НА ЕЗЕРОТО КОЗЈАК - Живее втор живот благодарение на 112
Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2023 12:23
Перо Јаневски, скромен и срдечен жител на Општина Аеродром, инаку пасиониран риболовец му прати порака на Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК... : „ТРЕБА ДА СНИМИТЕ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ СО НАС СПАСЕНИТЕ, БЛАГОДАРНОСТ ОД 112.
- Инфаркт... борба за живот... во првиот можен миг се јавил на 112 во ЦУК... а бил сам далеку во прекрасната дивина на Македонија при обичен ден за рекреација, на риболов на Езеро Козјак, уживајќи како пасиониран риболовец во успешниот риболов... - раскажуваат од ЦУК.
Но, овој обичен ден за Јаневски се претворил во драматичен ден за него, а редовен за институциите од Системот за управување со кризи...
Тој, денес е веќе закрепнат од драматичниот настан, кога бил сам и во опасна животозагрозувачка итна ситуација далеку во дивината на Македонија на риболов, на вливот на реката Треска во Езеро Козјак.

Јаневски истакнува дека граѓаните треба да знаат дека преку 112 се спасуваат животи.
Затоа решил да ја сподели неговата драматична приказна со јавноста, за да знаат и другите како да реагираат при опасен случај за нив.
- Ова особено треба да го знаат повозрасните граѓани и со здравствени проблеми. Треба неодминливо да го знаат бројот 112, ако одат некаде сами во природа, далеку од населени места, како телефонски број што им овозможува да побараат на многу едноставен начин помош, со што се бележи и нивната локација од каде што се јавиле за помош - објаснува Јаневски.
Денес, Перо Јаневски повторно го живее животот со голема благодарност до сите институции од Системот за управување со кризи што беа и директно и индиректно ангажирани за неговото спасување, а и кон медиумите од коишто дознал за функцијата на 112 и во нашата држава...
Фото: ЦУК
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




