19 Декември, 2025
0.1468

НАВАЛИ НАРОДЕ НА ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА, СЕ ПРОДАВААТ КАКО СТАРО ЖЕЛЕЗО - нови аукции за запленети предмети

Објавено во: Економија 28 Февруари, 2023 07:03

Добивај вести на Viber

Се продаваа запленети дуќани, автобус, кварцен камен, а сега на ред дојдоа и хаварисани возила. Дури 154 на број, но не се продаваат како автомобили, туку како старо железо. Затоа и право на учество на аукцијата ќе имаат оние што работат со отпад и за тоа ги имаат потребните лиценци.  

Агенцијата за управување со одземен имот вчера објави оглас за продажба на одземени подвижни предмети - хаварисани возила со третман на отпаден материјал, по пат на електронско јавно наддавање. Станува збор за возила кои се правосилно одземени во кривична и прекршочна постапка во корист на државата, a од Агенцијата нагласуваат дека тука има од се по нешто, од патнички и товарни моторни возила, па се до мотоцикли, запрежни коли и приколки.  

Заинтересираните ќе мора да дадат депозит од 6.000 евра, а ако победат на јавното наддавање, ќе мора да приложат банкарска гаранција од 10 илјади евра, за да го склучат договорот.

Проценката на вредноста на возилата ја направило Министерството за правда, односно Бирото за судски вештачења. Од Агенцијата во огласот велат дека точната количина во килограми на старо железо ќе се утврди на денот на мерењето и ќе се документира со кантарски белешки, по што ќе се врши фактурирање со точните количини. За сите возила заедно почетната цена е 12 денари за килограм без ДДВ. Депозитот за учество на електронското јавно наддавање е 355.920 денариили близу 6.000 евра.

Купувачот е должен во рок од 15 дена од заклучувањето на постапката да склучи Договор за продажба, по што ќе може да го преземе железото.

Јавното наддавање ќе се одржи преку системот за електронско јавно наддавање на Агенцијата за управување со одземен имот, и тоа на 17 март. Право на учество имаат сите заинтересирани правни лица кои ги исполнуваат условите од Огласот и кои поседуваат Дозвола за собирање, третман или преработка на отпад, како и Лиценца за вршење на јавен превоз во внатрешниот патен сообраќај, за сопствени потреби.Право на учество немаат осудените лица или лицата против кои се водела кривичната или прекршочната постапка, вработените во Агенцијата, како и друго лице кое службено учествувало во постапката за продажба.

Краен рок во кој оние кои сакаат да учествуваат треба да ги поднесат пријавите е до 13 март, заклучно до 15 часот.

Продажбата на хаварисаните возила ќе оди за сите возила во пакет, вкупно 154, кои се сместени на повеќе локации и тоа депоата на Агенцијата во Скопје, односно депо Миладиновци, Касарна Ѓорче Петров ЕБР, ЈЦС Караорман Скопје, ЈЦС Бард логистик Скопје, Царинска испостава Блаце, Царинска испостава Богородица, ЈП Национални шуми ПШС Сандански Македонски Брод, МВР ПС Дебар, МВР ПС Струмица, и МВР РЦ ГР ЈУГ Кавадарци. Разгледувањето на возилата ќе биде во првите три дена од март, на различни термини и локации.

Продажбата се врши по пат на електронско јавно наддавање по принципот видено-понудено-купено. Јавното наддавање ќе се одржи само ако учествуваат најмалку двајца понудувачи. На понудувачите чија понуда не е прифатена, депозитот им се враќа веднаш. За најповолен понудувач ќе се смета учесникот кој последен ја наддал почетната цена и која е највисока цена за килограм старо железо без ДДВ, и со него Агенцијата склучува Договор за продажба.

Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција за квалитетно извршување на договорот во износ од 600.000 денари или близу 10 илјади евра. Се прифаќа банкарска гаранција во писмена форма или гаранција во уплатени парични средства. Доставата на гаранцијата или уплатата на парите се прави непосредно пред потпишување на Договорот за продажба.

Фактор претходно пишуваше за другите огласи кои ги спроведе Агенцијата за управување со одземен имот. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии