26 Април, 2024
0.0323

Наумче Мојсовски: На чело на АМС доаѓам без ниту ден стаж, затоа знам што треба да работам

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Наумче Мојсовски за „Фактор“ вели дека како поранешен спортист на позицијата нов директор на Агенцијата за млади и спорт назначен од Владата доаѓа без ниту еден ден платен стаж за пензиско и здравствено осигурување, но дека токму тоа му е мотивот во иднина да работи успешно на оваа прва негова државна функција.

- На шега луѓе ми велат дека без ниту еден ден платен стаж станувам директор на АМС, но тоа е реалноста со поранешните спортисти во нашата земја. Затоа еден од приоритетите во мојата работа ќе ми бидат заборавените спортисти, но секако тука е и младината. За мене постојат поранешни спортисти кои јас ги нарекувам стечајци на кои им е срам да протестираат. Нема да дозволам да мора да работат како таксисти кога ќе им заврши кариерата, ниту пак да се бават професионално со спорт, но со нула платени придонеси. Тоа е жално и трагично, вели Мојсовски.

Стружанецот доаѓа на местото на поранешниот директор на агенцијата, Дарко Каевски, кој во меѓувреме стана пратеник во Собранието. Поранешниот ракометар на Пелистер, Вардар и Металург беше дел од „златниот период“ на македонската репрезентација од  2009 до 2016 година која во меѓувреме го освои и петтото место на едно Европско првенство. Од инвестициите во објектите, вели дека нема да ги изменува постоечките планови и текови за нови градби, но дека ќе се заложи за подобрување на основните услови во салите во кои се работи во моментов.

- Мора да ги стабилизираме основните услови. Не може во една сала на лето да се работи на „плус 50“ а во зима таму да е „минус 20“. Ќе работам на стандардно загревање на салите во Битола, Куманово, Кавадарци, Велес и други, каде што треба да работат актуелните и новите генерации. Веќе водам разговори со европски фондови за 20-ина сали кои за мене се приоритет. Нивното затоплување ќе биде или со помош на панели или преку снабдување со гас, тврди поранешниот бек на македонскиот национален тим.

До сега извршуваше само партиска функција, а од сега и државна како именуван функционер од Владата. До сега АМС често служеше како отскочна штица за партиските кадри до повисоки позиции во државната управа.

- Немам повисоки политички амбиции. Мене никој не ме гледа во иднина како некој министер. Јас заедно со Лазе Поповски сум единствениот спортист кој до сега ќе ја води АМС. Можа да кажам дека 99 отсто ги познавам проблемите во спортот, а до некаде и кај младите, вели Мојсовски.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби