НАТАЛИТЕТОТ И ПОНАТАМУ НЕГАТИВЕН - за три месеци се родиле 3.632 деца, еве каде има најмногу
Објавено во: Македонија 30 Мај, 2024
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2024 година живородени се 3.632 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 0,7 отсто.
Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2024 година бележи намалување од 0,6 проценти во споредба со истото тримесечје од 2023 година и изнесува 5.199 лица, а од нив 8 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е негативен, односно -1.567 лица, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во првото тримесечје од 2024 година се склучени 2.488 бракови, што претставува зголемување за 3,8 отсто во споредба со истиот период од 2023 година.
Во ова тримесечје се добиени 597 извештаи за разведени бракови.
Податоците на Државниот завод за статистика откриваат дека најмногу новроденчиња има во Скопје, и тоа 1.132 од вкупно 3.632 новороденчиња. Останатите населени места имаат далеку помалку новороденчиња, па така прв по Скопје е Куманово со 217 новороденчиња, па следува Тетово со 188 новородени деца во првото тромесечие.