Настанот во Брисел за ВМРО-ДПМНЕ е влез во лавиринт, а за СДСМ е историски ден
Објавено во: Македонија 19 Јули, 2022 17:40
Настанот во Брисел, за ВМРО-ДПМНЕ е влез на Македонија во лавиринт каде историјата и минатато ќе бидат многу поважни од сегашноста.
Од партијата, велат дека владините претставници денеска имале само свечен ручек и фотографија, но не и реален почеток на преговори. Наведуваат дека државата ќе влезе во политичка криза откако владејачкото мнозинство нема да успее да го промени Уставот, па ќе следат и предвремени избори.
„Дека ова не е историски настан и дека владата прави уште една манипулација, покажува и фактот што вечерва откако ќе се вратат од Брисел, премиерот Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, ќе одат во клубот на пратеници на затворена прослава каде веројатно ќе има и добра храна, но доколку е историски ден нека одат на плоштад и нека го повикаат народот на заедничка прослава“, изјави, Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
За владејачкото мнозинство, денеска е историски ден за државата. Според СДСМ, тоа што премиерот Димитар Ковачевски се обратил на македонски јазик, е потврда дека непризнавањето од Бугарија е нејзина одлука, ама не и на останатите земји членки на ЕУ.
„Тие се свесни дека тоа е само нивна моменталнa политичка одлука и дека не можат со тоа да влијаат на она што е став на 26 земји, односно да влијаат на она на што почива Eвропската унија. На крајот, веќе се се погласни луѓе, интелектуалци од политиката, историјата кои имаат спротивен став од она што го има актуелната политичка гарнитура во Бугарија“, изјави Снежана Калеска-Ванчева, пратеник на СДСМ.
Одржувањето на првата меѓувладина конференција, за Али Ахмети е ново поглавје за државата.
Претседателот на државата, Стево Пендаровски во писмена изјава наведува дека и покрај предизвиците, граѓаните ја одржале поддршката за влез во ЕУ. Вели, македонскиот станува службен јазик во ЕУ.Лидерот на Левица, Димитар Апасиев даде свое видување за првата меѓувладина конференција која денеска се одржува во Брисел.
„За една фотосесија на ко божемска „конференција" која не постои во европското право - го шитнаа и народот, и јазикот, и културата, и историјата и Републиката!? СДС не е партија. СДС е дијагноза. Ќе победиме“, пишува тој на социјалните мрежи.Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели дека конечно од стартна позиција ја почнуваме трката.
foto Vlada
Можеби ќе ве интересира
Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија




