18 Декември, 2025
0.3358

Се бара оператор за трите нови патарини во Македонија

Објавено во: Економија 18 Декември, 2019 07:00

Добивај вести на Viber

Тендер за проектот за инсталација на електронски систем за наплата и изградба на три нови патарини долж Коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип е најавен од страна на ЈП за Државни патишта, а Европската Банка за обнова и развој очекува постапката да започне на 28 декември годинава. 

Станува збор за заем од 13 милиони евра за финансирање на надградби во системот за патарина на коридорите 10 и 8, а ќе се градат три нови патарини, од кои две на автопатот Миладиновци - Штип и една на автопатот Кичево - Охрид. Се очекува нивната локација да биде покрај селата Кадрифаково, Преод и Арбиново. Во моментов автопатот Миладиновци - Штип е повеќе од шест месеци во употреба и во моментов е „најекономичен“ за возачите во Македонија бидејќи нема ниту една наплатна станица.

Зоран Китанов, директорот на „Државни патишта“, вели дека целата постапка околу тендерот треба да заврши за два месеци по што треба да биде познат операторот кој, покрај другото, ќе започне со изградба и на трите нови патарини.

- Европската банка за обнова и развој е таа што го администрира тендерот и ќе се грижи за сите детали. Ние немаме никаква поврзаност со процедурата. Но она што ќе се изгради ќе биде од голема корист за земјата, а особено еколошката одржливост со соларните панели и тоа што со побрзиот проток на возила нема да се загадува, вели Китанов.

„Сончевите панели ќе создадат 45% од потребната енергија за електронско водење на патарините. Надградбите ќе ги зголемат приходите од употреба на автопатите, овозможувајќи поодржливо управување. Граѓаните на Северна Македонија ќе имаат корист од поефикасна и позелена автопатска мрежа благодарение на заемот од ЕБОР од 13 милиони евра за финансирање на понатамошни подобрувања во постојниот систем за патарина, како и на нови електронски патарини. Со надградбите ќе се зголемат приходите, овозможувајќи им на автопатскиот систем на Северна Македонија да се финансира поодржливо“, најави ЕБОР кога изминатото лето го одобри заемот.

Сите патарини ќе бидат поврзани со оперативниот центар во Петровец, крај Скопје. Меѓу другите подобрувања, соларни панели ќе бидат инсталирани на сите 15 патарини на национално ниво за да се промовира поголема употреба на обновлива енергија. 

При потпишувањето на договорот, од Министерството за транспорт и врски и од Министерството за финансии најавија дека проектот ќе овозможи побрз транспорт, олеснет проток на возила без гужви во сообраќајот и електронски систем за наплата на патарини низ целата земја.

ЈП за Државни патишта ќе учествува со дополнителни 700.000 евра во проектот.  Предвидена е инсталација на опрема за поврзување на надградените и новите наплатни станици за патарина со оперативниот центар за патарини во Петровец. Издвоени се средства за дизајн и изградба на дополнителна лента за зголемување на капацитетот на наплатната станица за патарина на Миладиновци долж Коридорот VIII.  Во рамки на Проектот предвидени се и средства за одржување и задолжителни резервни делови за постојните наплатни станици за патарина.

Условите под кои се зема заемот од ЕБОР беа најавени како исклучително поволни - каматната стапка од 6-месечен ЕУРИБОР плус 1% (односно во моментот 1% камата) и рок на отплата од 15 и пол години со грејс-период од 4 години.

„Договорите што ќе се финансираат со средствата од грантот администриран од ЕБОР ќе бидат отворени за фирми од која било земја.Станиците беа надградени пред неколку години, а сега тие треба да бидат опремени со најсовремена технологија за да се осигурат дека патарините од системите на Коридорот X и Коридорот VIII + се меѓусебно операбилни“, се вели во најавата на тендерот.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје