13 Декември, 2025
0.3698

НАСИЛСТВОТО НЕ ЗАПИРА: Палестинците ги напуштаат своите домови

Објавено во: Свет 14 Мај, 2021 19:48

Добивај вести на Viber

Палестинците ги напуштаат своите домови. 

Израел продолжува жестоко да го бомбардира Појасот Газа и од копно и од воздух, при што шестчлено семејство е убиено во својата куќа. Израел уништи станбени населби. 

Се зголемуваат меѓународните напори за прекин на судирите, а Израел ги засилува нападите, во обид да му нанесе значителни штети на Хамас, кој испука стотици ракети кон израелските градови.

Од понеделникот, кога почнаа борбите, во Газа загинаа најмалку 122 луѓе, од кои 31 дете, како и осуммина во Израел.

Јорданците ја пресекоа оградата и влегоа во Палестина, со цел да им дадат поддршка на луѓето таму, бидејќи тие веруваат дека Израел е непријател.

Ситуацијата на Блискиот Исток се заострува, па Јорданците во голем број ја преминуваат границата и се движат кон палестинската територија, а од правецот на Либан, групите влегуваат во Израел. Голем број Арапи се собираат како поддршка на Палестинците.

Насилството од Појасот Газа денеска се прошири и на Западниот брег, каде се забележани најголемите протести од 2017 година – стотици луѓе во најмалку девет градови запалија автомобилски гуми и фрлаа камења кон израелските војници.

Израел мобилизираше 9.000 резервисти вчера да им се придружат на трупите што се собираат на границата со Газа, а воениот портпарол најави можна копнена операција во таа густо населена област, но тоа не се случи засега.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск

Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск