14 Ноември, 2024
0.0332

НАШИОТ ПОЗНАТ БАНКАР АНТОНИО АРГИР ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БОРДОТ НА НЛБ ПРИШТИНА - дополнителна функција во рамките на НЛБ групацијата

Објавено во: Финансии 08 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Поранешниот директор на една од трите најголеми банки во земјава, НЛБ Банка, Антонио Аргир, кој пак, од пред нецели три години живее и работи во Љубљана, како член на Управниот одбор на НЛБ Групацијата во Љубљана, деновиве добива дополнителна функција во рамките на групацијата, како претседател на Бордот на директори на НЛБ Банка Приштина.

Среќен сум што можам да споделам дека започнав нова позиција како претседател на Управниот одбор во НЛБ Банка Приштина“, објави Аргир на социјалната мрежа Линкдин.

Антониот Аргир е познат македонски банкар, кој беше заслужен за растот на НЛБ Банка Скопје, а од пред три години својата кариера ја продолжи во управата на Групацијата во Љубљана. 

Како што објави банката во јануари 2022 година, Антонио Аргир, поранешниот генерален директор на НЛБ Банка во Скопје тогаш и официјално стана нов член на Управниот одбор на НЛБ Групацијата во Љубљана. Банката тогаш ја извести Словенечката берза дека се одржал состанок на Надзорниот одбор, на кој беа назначени тројца нови членови на Управата, а меѓу нив и Аргир. 

За нови членови на Управниот одбор на НЛБ беа именувани Хедвика Усеник, Антонио Аргир и Андреј Ласиќ. Сите тие дојдоа од НЛБ или НЛБ Групацијата, и за нив беше нагласено дека имаат долгогодишно искуство и искуство во создавање докажана вредност.

Антонио Аргир целата своја кариера ја гради во НЛБ Банка Скопје. Во банката се вработува во 1999 година како кредитен референт за корпоративни клиенти, долгорочни и инвестициски заеми, а подоцна поминува неколку години во Деловна мрежа како координатор, раководител на експозитура и Директор на Секторот Деловна мрежа. Во 2015 година станува член, а половина година подоцна и претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Тој се приклучи на раководството на НЛБ во Љубљана на 1 јануари 2022 година, а кормилото на НЛБ Банка Скопје му го предаде на Бранко Грегановиќ. Аргир беше член на Македонската банкарска асоцијација, а од 2018 година ја извршуваше функцијата потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија. 

„Под раководство на Антонио Аргир, НЛБ Банка Скопје забележа исклучителен раст во сите сегменти од своето работење и значително зголемување на профитабилноста на Банката, а цената на акцијата на НЛБ Банка Скопје се зголеми за пет пати. Денес, НЛБ Банка Скопје е угледна и стабилна финансиска институција и лидер во иновациите и дигитализацијата на банкарските производи и услуги на пазарот“, објавија тогаш од банката.

„Со сите тројца колеги многу добро се познаваме, долги години работевме и дишевме заедно, а ги знаат и нашите клиенти, нашите партнери и целиот тим на вработени во НЛБ Групацијата. Убеден сум дека тие се најдобриот избор и со гордост, радост и самодоверба очекувам да се приклучат на Управниот одбор на НЛБ, изјави Блаж Бродњак, извршен директор на НЛБ групацијата.

Тогаш банката објави дека „новите членови на Управниот одбор имаат петгодишен мандат откако ќе добијат согласност од централната банката на Словенија“.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТАР АНДРЕЕВСКИ, ДИРЕКТОР НА ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ: Го купивме Иново брокер, потребна ни е брокерска куќа

ПЕТАР АНДРЕЕВСКИ, ДИРЕКТОР НА ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ: Го купивме Иново брокер, потребна ни е брокерска куќа

РИПААТ ЦЕНИТЕ НА ТАКСИ УСЛУГИТЕ: Поскапува такси превозот во Србија

РИПААТ ЦЕНИТЕ НА ТАКСИ УСЛУГИТЕ: Поскапува такси превозот во Србија

„БИЗНИСОТ ИМА ПОТРЕБА ОД ТИЕ ПАРИ“: Азески е оптимист дека ќе се најде решение на средбата меѓу Владата и банките

„БИЗНИСОТ ИМА ПОТРЕБА ОД ТИЕ ПАРИ“: Азески е оптимист дека ќе се најде решение на средбата меѓу Владата и банките

ПРЕСВРТ НА БЕРЗИТЕ ПО ИЗБОРНАТА „ЕУФОРИЈА“: растот на американските индекси запре, ФЕД најави намалување на каматната стапка

ПРЕСВРТ НА БЕРЗИТЕ ПО ИЗБОРНАТА „ЕУФОРИЈА“: растот на американските индекси запре, ФЕД најави намалување на каматната стапка

КОЈ МАКЕДОНСКИ ФУНКЦИОНЕР СЕ ОПАРИ ОД РАСТОТ НА БИТКОИНОТ? Десетте биткоини денес му вредат 890 илјади долари!

КОЈ МАКЕДОНСКИ ФУНКЦИОНЕР СЕ ОПАРИ ОД РАСТОТ НА БИТКОИНОТ? Десетте биткоини денес му вредат 890 илјади долари!

ОВОЈ СТАР МИЛИОНЕР ПРЕЗЕДЕ РАДИКАЛЕН ПОТЕГ И ПРЕДИЗВИКА ОПШТА ПАНИКА: Знае ли нешто што ние не знаеме? Веќе продаде половина од својот удел во Apple, еве што е следно

ОВОЈ СТАР МИЛИОНЕР ПРЕЗЕДЕ РАДИКАЛЕН ПОТЕГ И ПРЕДИЗВИКА ОПШТА ПАНИКА: Знае ли нешто што ние не знаеме? Веќе продаде половина од својот удел во Apple, еве што е следно

Потенцијалот за раст на е-трговијата во регионот е огромен, но сè уште недоволно искористен

Потенцијалот за раст на е-трговијата во регионот е огромен, но сè уште недоволно искористен

ВО ЖАБЕНИ ЌЕ НИКНЕ НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ТЕШКА 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: компанијата Бреинчајлд ќе вработи 200 лица

ВО ЖАБЕНИ ЌЕ НИКНЕ НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ТЕШКА 8,5 МИЛИОНИ ЕВРА: компанијата Бреинчајлд ќе вработи 200 лица

ЕВЕ ШТО СЕ МОЖЕ ДА ПОЕВТИНИ АКО СЕ ПРИФАТАТ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ – ќе биде ли изгласан законот на опозиционерите?!

ЕВЕ ШТО СЕ МОЖЕ ДА ПОЕВТИНИ АКО СЕ ПРИФАТАТ ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ – ќе биде ли изгласан законот на опозиционерите?!