14 Декември, 2025
0.0456

Нашата Камка Тоциновски во нова серија на Телеком Србија, уникатниот драмски трилер „Посета“

Објавено во: Мои пари 30 Септември, 2023 12:00

Добивај вести на Viber

Од 2 октомври ексклузивно на Суперстар каналот, ќе може да уживаме во новото актерско остварување на една најпознатите македонски актерки, Камка Тоциновски која толкува една од улогите во новата серија од продукцијата на Телеком Србија, „Посета“. Серијата е составена од четири различни приказни инспирирани од вистински случувања, сите сместени меѓу ѕидовите на еден истражен затвор, со што ветува дека ќе ги задоволи вкусовите на најпребирливите љубители на добрите драмски трилери.

Првата приказна со која што започнува серијалот е именувана како „Река“ и токму во неа се појавува и ликот на Камка Тоциновски. Оваа серија во рамки на „Посета“ ни зборува за млад фудбалер, ѕвезда во подем, кој се буди во болница не сеќавајќи се на ништо од претходната ноќ.

„Река е приказна за наоѓањето начини да се продолжи животот тогаш кога тоа изгледа како невозможна задача. За односот на сите нас кон вината, одговорноста и правдата. За обидите да се прифати навидум неиздржливата судбина“, вели актерот Лука Грбиќ.

„Би рекол дека една интересна порака која може да ја извлечат од ‘Посета’ и конкретно од првата приказна ‘Река’ е следното: Многу луѓе обожуваат фудбал, но ретко кој, зад тоа, ги гледа луѓето кои страдаат“, вели Никола Ракочевиќ.

Серијата продолжува со приказната именувана како „Плен“ за мајка во чиј автомобил цариници пронаоѓаат куфер со плен од грабеж, а по неа следат „Пожар“, приказна за двајца пријатели, кумови и обвинување за подметнат пожар. Последната приказна „Бетон“ се одвива во автобус при што еден семеен човек влегува во кавга и завршува обвинет за убиство од негрижа.

Режисерот на „Посета“, Вељко Миќуновиќ гордо истакнува дека серијата не наликува на ниту една ТВ серија од регионот и гледачите може да очекуваат едно неочекувано, ново драмско искуство. Ова е прв ТВ проект на Миќуновиќ и во него се вклучени повеќе од 100 актери од регионот меѓу коиСнежана Богдановиќ, Борис Исаковиќ, Лука Грбиќ, Озрен Грабиќ, Крешимир Микиќ, Ксенија Маринковиќ, Изудин Бајровиќ, Милош Томотијевиќ, Уликс Фехмиу и многу други.

Секоја од четирите приказни претставува одделен мини-серијал од четири епизоди кои ќе се емитуваат од понеделник до четврток од 21 часот на Суперстар каналот, што е дел од телевизиската понуда на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија