Народот во Романија не се откажува од протест: Сакаме и оставка!
Објавено во: Свет 05 Февруари, 2017
Романската влада синоќа одлучи да го поништи контроверзниот декрет за декриминализација на корупцијата, но протестите низ целата земја не стивнаа.
Уште еден ден околу 300 000 луѓе излегоа на улиците во повеќе градови.
Демонстрантите велат дека сакаат не само промени во законите, но и оставка на владата.
Тие се категорични дека нема да веруваат на Владата, кои еднаш веќе трганала на погрешен пат.
Не се откажани и плановите за голем протест, кој треба да се одржи во Букурешт вечерва.
Се очекува на демонстрациите да се соберат повеќе од 500.000 луѓе.