26 Април, 2024
0.0355

НАРОДНА БАНКА СО СЕРИЈА МЕРКИ - за банките да даваат повисоки камати на штедењето во денари

Објавено во: Финансии 01 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, донесе одлука за натамошно раздвојување на стапките на задолжителна резерва од валутен аспект, заради стимулирање на штедењето во домашна валута. Народната банка ја намали задолжителната резерва за денарските обврски од 6,5% на 5%, а истовремено ја зголеми стапката на задолжителна резерва за обврските во странска валута од 16,5% на 18%. 

„Оваа мерка, којашто е втора по ред по мартовската промена на стапките на задолжителна резерва, е наменета за натамошно поттикнување на денаризацијата на билансите на банките, што би се постигнало преку промени во каматната политика на банките, поточно преку понуда на релативно поповолни камати на денарските депозитни производи.

Воедно, како дополнително зајакнување на ефектот од промените на стапките за издвојување задолжителна резерва, Народната банка го зголеми и делот од задолжителната резерва во странска валута којшто банките го исполнуваат во евра, од тековните 70% на 75%. 

Пакетот измени кај системот на задолжителна резерва вклучува и зголемување на делот од задолжителната резерва во евра којшто банките го исполнуваат на просечна основа, од 5% на 10%, што создава услови за пофлексибилно управување со девизната ликвидност на банките на дневна основа. Примената на новите услови на издвојување задолжителна резерва ќе започне во августовскиот период на задолжителната резерва, односно од 10 август 2022 година.

Измените направени кај инструментот задолжителна резерва се во согласност со Стратегијата за намалување на евроизацијата на домашната економија, што е значајно за натамошното одржување на макроекономската стабилност“, се вели во соопштението од НБМ.

На Советот бил разгледан и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на Република Северна Македонија за првиот квартал од 2022 година. 

„Со почнувањето на конфликтот меѓу Русија и Украина, неповолниот амбиент имаше одредено неповолно влијание и врз динамиката на активностите на банкарскиот систем, којшто сепак како и при претходни кризни епизоди, успешно се справува со предизвиците. Депозитите од нефинансиските субјекти, во првиот квартал од 2022 година, забележаа годишен раст од 4,6%. Во првиот квартал се почувствуваа влијанијата на сезонските фактори, но и негативните ефекти од руско-украинскиот конфликт, којшто предизвика уште поголема неизвесност и влошени очекувања. Пласманите во кредити на нефинансиските субјекти солидно растат и во првиот квартал, со годишен раст од 10,1%. Поголемиот дел од кварталниот раст на кредитите беше насочен кон претпријатијата, но се забележува раст и кај кредитите на домаќинствата.

Во првото тримесечје, солвентноста на банкарскиот систем се задржа на стабилно и солидно ниво, со стапка на адекватност на капиталот од 17%. Показателите за ликвидноста и натаму се на задоволително ниво и упатуваат на соодветно управување на банките со ликвидносниот ризик. Учеството на нефункционалните во вкупните кредити на нефинансискиот сектор се сведе на историски најниското ниво од 3,1%, односно пониско и од претпандемичното ниво, со што квалитетот на кредитното портфолио на банките и натаму е солиден.

Неизвесноста околу натамошниот тек на настаните поврзани со пандемијата на ковид-19 којашто сѐ уште е присутна, зголемените цени на енергентите и фрагментираните и нарушени синџири на снабдување заради конфликтот во Украина, како и строгите рестриктивни мерки воведени во Кина, се најзначајните фактори на ризик коишто ќе влијаат врз идната динамика на растот на економската активност и на активностите на банкарскиот систем, се наведува во Извештајот од централната банка.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат