26 Април, 2024
0.0380

НАРОДНА БАНКА ОПШИРНО ЗОШТО МОРАЛА ДА ЈА ЗАТВОРИ ЕУРОСТАНДАРД - ниту сопственикот ниту инвеститорот не го обезбедија потребниот капитал

Објавено во: Финансии 18 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Народна банка денеска со опширно соопштение ја информира јавноста дека одлуката за укинување на дозволата на Еуростандард банка била донесена целосно во согласност со законите и заштита на депонентите, а дека банката не ги исполнувала минимум потребните законски услови за работа.

Ниту сопствениците, велат од НБМ, ниту потенцијалниот инвеститор, не го обезбедија потребниот дополнителен капитал за банката. 

„Во насока на точно информирање на јавноста, имајќи ги предвид невистинитите информации коишто во изминатиот период во неколку наврати беа пласирани во врска со укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“, како и невистините за банкарскиот систем и за работењето на Народната банка, монетарните власти сакаат да потсетат. Одлуката за укинување на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ е донесена согласно со Законот за банките, каде што се пропишани условите за работа во овој сектор. Одлуката е донесена заради неисполнување минимални законски услови за работа на банка“, велат од НБМ.

Согласно со Законот за банките, за да се основа банка потребен е капитал од најмалку 310.000.000 денари (5,04 милиони евра), што сопствениците и банката во текот на своето работење се должни да го одржуваат или зголемуваат, но не смее да се намалува. Имајќи предвид дека секоја банка, покрај со сопствените средства располага и работи и со средствата на депонентите, со Законот е утврдена и минимална стапка на покриеност на пласманите на банката со сопствените средства, т.н. стапка на адекватност на капиталот од 8 отсто.

„Одлуката за укинување на дозволата на „Еуростандард банка“ како и сите други одлуки што ги носи Народната банка, произлегува исклучиво од примена на законите, согласно со утврдени процедури коишто се усогласени со најдобрите меѓународни практики. Стручните супервизорски тимови на Народната банка подготвуваат целокупна аналитичка инфраструктура, односно информации, анализи и предлози за постапување, врз основа на коишто се носи одлуката. На овој принцип е донесена и конкретната одлука што се однесува на „Еуростандард банка“.

На оваа одлука претходеа низа супервизорски мерки. Имено, поради слабостите во своето работење, „Еуростандард банка“ подолг период беше подзасилен супервизорски надзор и беа изрекувани бројни супервизорски мерки, чија цел беше санирање на состојбите и опстанок на Банката, во насока на заштита на билансот на Банката, а со тоа и на депонентите. Една од мерките беше спроведување План за подобрување на состојбата со кој сопствениците се обврзаа да извршат дополнителна уплата на капитал.

Согласно со состојбата во Банката, единствено можно решение беше сопствениците да ја исполнат својата законска обврска и да вложат дополнителен капитал за да се исполни законски утврдената минимална стапка на адекватност на капиталот од 8 отсто.

Заради неизвршената уплата на капитал од страна на сопствениците, а при поголеми загуби од работењето на Банката, со супервизорската контрола на Народната банка се утврди дека вредноста на капиталот и стапката на адекватност на капиталот на „Еуростандард банка“ се под законскиот минимум. 

Народната банка во овој процес на супервизија и изрекување мерки за подобрување на состојбите во „Еуростандард банка“, во комуникацијата со сопствениците постојано укажуваше на потребата за исполнување на законската обврска и дополнително итно вложување на капитал во Банката. За жал, ниту од сопствениците на Банката, ниту од потенцијалниот инвеститор посочен од нивна страна, со кого Народната банка исто така имаше интензивна комуникација, не се обезбеди потребниот капитал за да се достигне законски утврдениот минимум. Воедно, потенцијалниот инвеститор не ја достави потребната документација за отпочнување на постапка за утврдување дали ги исполнува законските услови за акционер на банка.

Оттука, Народната банка немаше простор за никакво друго решение освен постапување согласно со законот и носење на решение за укинување на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“. Народнатабанка не смее да дозволи да продолжи со работа банка којашто не исполнува минимални законски услови.

Како што во повеќе наврати соопштивме, „Еуростандард банка“ е изолиран случај. Банкарскиот систем е стабилен и сигурен. Народната банка како независна институција ќе продолжи да работи професионално и да ги следи и спроведува домашната регулатива и најдобрите меѓународни практики.

Народната банка е постојано достапна за сите информации коишто се во нејзина надлежност.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат