18 Декември, 2025
0.0773

Извршител за Народна банка го бара недоизградениот хотел на „Бетон“ зад зградата на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Економија 16 Септември, 2022 07:30

Добивај вести на Viber

Народна банка го запленува недоизградениот хотел на градежниот гигант „Бетон“ зад палатата на ВМРО-ДПМНЕ во строгиот центар на Скопје. Во постапката е вклучен извршител и деловна банка-ремитент

Станува збор за заплена на стоотстотниот удел на АД Бетон кој го има во филијалата Бетон Хотели, во која припаѓа и недоизградениот хотел. Во одговорот кој го добивме од централната банка се вели дека во поширокиот имот кој се запленува, тие се само еден од доверителите.

- Прашањата кои ги поставувате се однесуваат на детали од извршна постапка која се води пред надлежен извршител, во која Народната банка е еден од доверителите и ќе може да го наплати своето побарување согласно позитивните прописи и  воспоставено заложно право, ни рекоа од Народна банка.

Народна банка ги запленува и стоотстотните удели кои АД Бетон ги има во подружниците Бетон Агрегати, Бетон - Про, Бетон Каменолом и Бетон Рудник. Од НЛБ Банка, која во случајов е доверител-ремитент, ни одговорија дека по завршувањето на постапката, целиот овој имот ќе има нов сопственик.

- Извршителот има издадено Налог за извршување врз удел кој понатаму би се продавал во рамките на постапката согласно одредбите од Законот за извршување. “Удел во друштвото" е севкупност на права и обврски коишто содружникот ги стекнува врз основа на влогот во основната главнина на друштвото. Врз уделот во трговско друштво извршувањето се спроведува со запленување на уделот, негова процена и продажба и намирување на доверителот. Купувачот на уделот се стекнува со права и обврски согласно со Законот за трговските друштва. Со продажба на удел, друштвото чиј удел е предмет на реализација на залог ја менува сопственичката структура, објаснуваат од НЛБ Банка.

Ад Бетон од 31 август е ставен на листата на набљудување на „Македонска берза“ со известување дека има блокирана банкарска сметка. Претходно градежниот оператор во јавноста објави дека Народна банка од нив има побарување од 5 милиони евра.

„На крај, заради едностраното раскинување на Договорот за градење, НБРСМ  ги активираше и гаранциите во износ од 2.5 милиони евра и дополнително ја блокираше  банкарската сметка на компанијата за дополнителни 2.5 милиони евра за исплата на штети, со  што се создаде паника и во банкарскиот сектор.  Во последните неколку денови, кредиторите на ДГ БЕТОН АД Скопје донесоа одлуки да ги  доспеат сите кредитни рамки на компанијата со што Комерцијална Банка АД, Стопанска Банка  АД Скопје, Халк Банка и НЛБ Банка ги активираа своите хипотеки, како и мениците, со што  пристапија кон постапка на извршување на целиот недвижен и подвижен имот на компанијата  до подмирување на своите побарувања“, гласеше дел од обраќањето на АД Бетон во јавноста.

A.K.

Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа