26 Април, 2024
0.0298

Напредна технологија и незаменлив дизајн: Добредојдовте во Audi Mobility

Објавено во: Мои пари 22 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Најдобрата германска автомобилска технологија и дизајн секогаш се наоѓаат на врвот на желбите на сите индивидуи и семејства кои се во потрага по ново возило, а летниот период е идеално време за започнување на нови авантури.

Доколку сте во потрага по практично и компактно возило, сигурно веќе размислувате на добро познатиот Audi A3. Соединувајќи го карактерот на Coupé со елегантен шарм. Нискиот свод на покривот оддава чиста динамика, со нејзините мускулно оформени површини ја прикажува самодовербата на лимузина, а практичните димензии на багажниот простор гарантирано ќе ги задоволи вашите потреби.

Оставете впечаток со Новиот Audi Q2 - урбан тип со маркантен изглед, самостоен карактер и сосема нов, геометриски јазик на дизајнот. Нагласено самоуверен и со моќни мотори, дизајн кој се истакнува и Quattro погон на сите тркала. Опремата ги исполнува сите желби и содржи карактеристики коишто досега беа резервирани само за врвната класа автомобили, а кога станува збор за конективноста, Q2 ја интегрира најновата генерација на инфозабавни системи со беспрекорен музички интерфејс.

Подигнете го нивото на луксузот со новиот A4. Благодарение на новиот дизајнерски јазик на AUDI, впечатокот на целосно комплетната каросерија, спортскиот карактер на лимузина повеќе од кога и да е доаѓа до израз. Истовремено делувајќи динамично-моќно и привлечно-естетски. Висококвалитетниот и функционално обликуваниот внатрешен простор, иновативните технологии во областите на дигитализацијата, инфозабавните системи и системите за помош на возачот како и моќните мотори го заокружуваат целосниот пакет. 

Зачекорете во зоната на луксузот со новиот A6. Кога дизајнот се спојува со ефикасноста, а спортскиот карактер со стилот. Кога иновацијата и прецизноста одат рака под рака, а прогресивната елеганција се гледа во секоја линија. Кога се сплотуваат формата и функцијата и напредокот е над сè. Тогаш, бизнис класата има нов предводник со Audi A6. Поатлетски од кога било. Самоуверен како и секогаш.

Безкомпромисна функционалност на врвен SUV со неспоредлив луксуз. Не оставајте ништо на случајноста. Без разлика дали се работи за комфор, стил или динамика: Audi Q5 воодушевува уште од првиот момент. Неговиот настап е толку впечатлив, неговиот погон е толку моќен, неговите технологии толку модерни. А неговите можности се толку сестрани. Секој ден во нов поход - со Audi Q5.

Во потрага по вистинска вредност скроена по желбите на клиентите, Порше Македонија ја претставија новата кампања за возилата од брендот Audi. Целата понуда на моделите на Audi, сега се достапни со 0% каматна стапка. Оваа исклучително посакувана понуда вклучува 3 годишни рати во период од 2 години.

Посетете го салонот на Audi и запознајте се со моделите одблизу, или погледнете ги сите информации на www.audi.mk


Можеби ќе ве интересира

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум