НАПРАВЕНИ СЕ КОНТРОЛИ ВО ДРЖАВАТА: Во кои градови се откриени дискотеки без важечки лиценци?
Објавено во: Македонија 18 Март, 2025 16:20
Портпаролката на Владата, Марија Митева попладнево на прес-конференција изјави дека извршени се контроли во објекти кои имаат лиценца за кабаре, дискотека во државата.
Приложени се 22 лиценци на цела територија и 15 се со истечена важност. Откриени се и објекти кои воопшто немале лиценци.
„Во Скопје 13 објекти, од кои само 2 се со лиценца со важност за кабаре и 8 со истечена, а три објекти немаат никаква лиценца. Во Куманово имаме три објекти со дејност кабаре, сите се со важечки лиценци“, рече Митева.
Во Штип, Виница и Делчево по еден објект е регистриран како кабаре и сите поседуваат важечки лиценци.
Во Струмица има 4 објекти: 2 со важечки лиценци за диско-клуб, 1 со важечка лиценца за диско-клуб на отворен простор, а 1 со истечена лиценца.
Во Гевгелија имаме еден објект со истечена лиценца. Во Велес има еден објект со важечка лиценца за диско-клуб.
Во Битола има четири објекти – три со важечки лиценци за кабаре, а еден со важечка лиценца за диско-клуб на отворен простор.
Во Прилеп има два објекти, и двата се со истечени лиценци. Во Кавадарци има еден објект со важечка лиценца. Во Велес има еден објект со важечка лиценца за кабаре.Неготино еден објект со истечена лиценца. Во Охрид има четири објекти – два со важечки лиценци, еден со важечка лиценца за диско-клуб, а еден објект е без лиценца.
Во Кичево има еден објект со важечка лиценца за кабаре. Во Гостивар има еден објект со истечена лиценца.
Во Тетово има шест објекти, од кои за четири нема податок, а два се со истечени лиценци.
Митева рече дека инспекторатот прави контроли дали сите објекти ги исполнуваат техничките услови, иако имаат лиценца. За оние кои немаат лиценци или им се истечени, донесена е забрана за работа.
За 58 лица се обезбедени транспорт и сместување, а Владата ќе го покрие трошокот. Ова се однесува за оние луѓе чии најблиски по пожарот во Кочани, се префрлени на лекување во странство. За нив Владата ќе ги покрие трошоците за да заминат во странство.
Владата денеска на седница го задолжила Министерството за финансии да обезбеди 30 милиони денари и да ги пренесе на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за помош за транспорт и сместување на најблиските на тешко повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во странство.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




