НАПОЛНИЛЕ 12 КИЛОГРАМИ ХЕРОИН ВО АВТОМОБИЛ - ги фатиле во Црна Гора
Објавено во: Балкан 23 Февруари, 2020 22:47
По повеќемесечна заедничка активност на полициите на Црна Гора и на Северна Македонија, на граничниот премин Кула денеска во македонски автомобил се запленети околу 12 килограми хероин и уапсени се две лица.
Како што соопшти Полициската управа на Црна Гора, на царинскиот премин Кула, била извршена контрола на возило марка „Хјундаи“ со регистарски таблици на Северна Македонија, со кое управувал А.А. (28) од Скопје, а на совозачкото место се наоѓала И.С. (23), исто така, од Скопје.
„По деталниот преглед на возилото, во добро скриен и специјално изработен бункер, кој се наоѓал во задниот дел на автомобилот, се пронајдени 24 пакувања со вкупно количество од околу 12 килограми хероин, се наведува во соопштението. Со полициската акција е пресечен шверцерски канал, преку кој од правец на Македонија, хероин од Косово, преку територијата на Црна Гора, се пренесувал кон земјите од Западна Европа. Се претпоставува дека во конкретниот случај дрогата била наменета за Италија“, се вели во соопштението.
Согласно координираните активности, се додава, во Македонија во тек се претреси на повеќе локации и се врши идентификување, лоцирање и процесуирање на останати учесници, кои, како што постои сомнеж, се вмешани во орагинизирано криумчарење хероин преку оваа рута.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија
Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!
(ВИДЕО) КАКО ИЗГЛЕДААТ БЛОКАДИТЕ НА ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ: Денеска Солун остана и без такси
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија





