Напаѓачот од Лувр не сака да соработува со обвинителите
Објавено во: Свет 05 Февруари, 2017
Египќанецот Абдула Реда ел Хамами, кој завчера нападна француски војници на влезот во музејот Лувр во Париз, при што беше ранет, денеска одби да одговара на прашањата на обвинителите.
„Првото сослушување со одржа денеска, но траеше кусо. Засега Хамами одбива да разговара со обвинителите“ - вели претставник на француското Јавно обвинителство.
Таткото на Хамами, негира дека син му е терорист. Тој тврди дека Абдула дипломирал право и дека скоро пет години работи во Обединетите Арапски Емирати. Според него, оттаму службено е испратен во Франција.
Хамами во Франција допатува на 26 јануари со туристичка виза извадена во Дубаи.
Француските истражни органи проверуваат дали тој нападот го извршил самоиницијативно или по наредба, а од египетските колеги очекуваат податоци за тоа дали тој бил евентуално поврзан со некои радикални групи.