Нападнат полициски службеник на избирачко место – напаѓачот е приведен
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2018
На избирачкото место во О.У „Лазо Ангеловски“ утрово се случил инцидент при што e нападнат еден полициски службеник.
Mомче на возраст од 22 години било приведено затоа што ги навредувало граѓаните кои излегле да гласаат, а потоа и ги нападнало полициските службеници кои пристапиле да интервенираат. Лицето е приведено и e утврдено дека се работи за К.Ж.(22) од Скопје.