НАПАДНАТ БРИТАНСКИ БРОД ВО ЦРВЕНОТО МОРЕ: Инцидент во теснецот Баб ел-Мандеб
Објавено во: Свет 03 Декември, 2023 16:02
Британски товарен
брод наводно бил погоден со проектил додека бил во Црвеното Море, соопшти денеска
безбедносна компанија Амбри.
„Британски товарен брод под знамето на Бахамите, наводно, бил нападнат со проектил додека го минувал Црвеното Море, приближно 34,5 километри северозападно од Мока, Јемен“, наведе компанијата Амбри.
„Наводно, товарниот брод бил погоден со проектил, а екипажот се повлекол внатре“, додаваат тие.
Претходно, United Kingdom Maritime Trade Operations" (UKMTO) соопшти дека добиле извештај за активност на беспилотни летала, „вклучувајќи и потенцијална експлозија“, во близина на Баб ел Мандеб што доаѓа од правец на Јемен“.
Британската војска издаде кратко предупредување до испраќачите дека инцидентот се случил во теснецот Баб ел-Мандеб што ја дели Источна Африка од Арапскиот Полуостров. UKMTO соопшти дека во областа е забележана и активност на беспилотни летала.
Баб ел-Мандеб го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив. Областа беше место на серија напади во последниве недели што им се припишуваат на бунтовниците Хути во Јемен, поддржани од Иран. Тие, исто така, истрелаа ракети и беспилотни летала кон Израел поради неговата војна против Хамас во Газа. Бунтовниците го зазедоа трговскиот брод „Galaxy Leader“ со 25 членови на екипажот на 19 ноември. „Galaxy Leader“ беше во сопственост на јапонска бродска компанија, но припаѓа на британска компанија која и самата е во сопственост на израелски бизнисмен.
Хутите досега не го признаа инцидентот што се случи во неделата.
ФОТО: GOOGEL MAPS/SCREENSHOTМожеби ќе ве интересира
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




