14 Декември, 2025
0.9362

НАПАД СО НОЖ НА УЛИЦА, НЕКОЛКУ ПОВРЕДЕНИ! Меѓу ранетите има еден полицаец, на терен голем број полициски возила

Објавено во: Свет 21 Мај, 2025 11:43

Добивај вести на Viber

Неколку лица, меѓу кои и еден полицаец, се повредени во напад со нож во холандскиот град Хофдорп, што се наоѓа западно од аеродромот Схипхол, јави белгискиот јавен радиодифузен сервис на холандски јазик ВРТ.  

На социјалните мрежи се шират информации за еден или двајца загинати, но холандската полиција засега не ги потврди овие тврдења, а не дава ниту информации за состојбата на повредените. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според ВРТ, полицијата рано изутринава добила пријава дека „нешто се случува“ во една куќа во Хофдорп, по што неколку полицајци пристигнале на местото на настанот. 

- Добивме пријава за инцидент со прободување со нож на улицата „Фани Бланкерс-Кенлан“ во Хофдорп околу 6:00 часот утрово. Неколку амбулантни возила и мобилен медицински тим се на лице место. Истрагата за инцидентот е во тек, објави Полициската управа на Северна Холандија на Икс. 

Според очевидци на настанот, „пет амбуланти возила“ заминале празни од пред куќата во која се случил инцидентот.  


Холандскиот портал НХ јави дека во и околу куќата биле пронајдени „голем број ранети лица“, но дека полицијата „се уште не може да каже ништо за природата на повредите“.  

Според медиумските информации, повредениот полицаец е пренесен во болница, а на неговото полициско возило била забележана крв. Очевидци тврдат дека траги од крв, покрај на полициското возило, може да се видат на самата улица пред куќата. 

Куќата е блокирана и околу неа се поставени црни паравани, а во тек е форензичка истрага. 

Засега не е познато дали некој е уапсен во врска со нападот, за кој се уште нема детали.

Фото: Принтскрин/Х

Можеби ќе ве интересира

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала

Трамп разочаран и од Русија и од Украина

Трамп разочаран и од Русија и од Украина