18 Декември, 2025
0.2010

НАМЕСТО ПРЕПОРАКИ НАДЛЕЖНИТЕ НЕКА НЕ ВКЛУЧУВААТ УЛИЧНО ПРЕКУ ДЕН, граѓаните велат - мерките ги применуваме колку што можеме

Објавено во: Економија 17 Август, 2022 07:17

Добивај вести на Viber

Користете го бојлерот за подготовка на топла вода само кога ви е потребна и тоа по можност во ниска тарифа на електрична енергија, без да се наруши квалитетот на живеење. Избегнувајте вклучување на ладилникот на најниски ​температури. Во текот на денот во летна сезона спуштајте ги ролетните и завесите. Машините за миење садови и за перење алишта користете ги полни и во време на ниска тарифа...

Ова се само мал дел од препораките на Владата до граѓаните со цел намалување на потрошувачката на струја во земајва.

Меѓу многубројните препораки кои „Фактор“ ги објави на својата веб страна, има и мерки кои се вообичаена или на некој начин нормална работа како исклучување на светилките во просторија во која не престојува никој, или исклучување на компјутерот по завршување на работата на него.  Владата на граѓаните им препорачува да се исклучуваат полначите, да се готви во помали садови, соодветни за ринглата, да се заменат старите сијалици со повисока класа, да се менуваат филтрите на клима уредите... но и купување на производи со повисока класа на енергетската ефикасност...

Граѓаните од своја страна велат дел од мерките веќе ги применуваат, но има и такви кои допрва може да се применат, сепак, потенцираат дека не е лесно да се намали потрошувачката на електрична енергија.

Многу од овие препораки на Владата во нашето семејство веќе ги применуваме. На пример, секогаш полниме болјер навечер, кога има евтина струја исто такаи машината за перење, секогаш ја вклучувам откако ќе дојде евтина струја, односно по 22 часот. Но, не можам да готвам на евтина тарифа бидејќи тоа мора да го направам наутро, пред да заминам на работа. Сепак, и покрај тоа што и досега внимаваме на користењето на енергија, во препораките од Владата има и работи кои досега не сме ги знаеле, на пример термостатот на болјерот да не се поставува на максимум, потоа замената на старите сијалици со нови, поставување на туш со помалу протекување, кон кои ќе гледаме одсега и натаму да се придржуваме. Сепак, морам да истакнам дека не секогаш е лесно, и досега и отсега, да се користат овие препораки, бидејќи имам две ќерки тинејџерки, кои посветуваат големо внимание на личната хигиена, па користењето на болјерот само на евтина тарифа е тешко да се испочитува како правило – вели една жителка на главниот град за „Фактор“.

Но, таа не е единствената која смета дека не сите мерки се лесно применливи во пракса. Напротив нашата анкета вели дека има домаќинства кои не се во можност да применуваат одредени препораки поради здравствени ограничувања.

Како можам со болен човек да гледам машината за перење алишта да ја уклучувам само навечер. Секој ден имаме голем куп алишта за перење, кои извинете подобро да не нагласувам зошто, но мора да се исперат. Добро е што се ова само препораки, но лошо е што немаме здравствени институции кои ќе ги обезбедат потребните услуги и ќе бидат згрижени или надминати проблемите на граѓани кои се со некаков хендикеп – вели шеесетиседум годишната Тодорка Д. од Скопје.

Граѓаните се револтирани и поради исклучувањето на дневната евтина тарифа и потенцираат дека сепак е неопходно да се има и преку ден пониска цена на електричната енргија бидејќи не сите работи може да се завршат во текот на ноќта.

Наместо да ни овозможат на домаќинствата и дневна евтина тарифа, како порано тие не тераат да спиеме дење, да работиме ноќе. Невозможно е да не готвам преку ден. Дека треба да се иста големина садот за готвење и ригнлата сите знаеме, не ни треба Владата да ни го каже тоа. Неместо препораки требаше навреме да се бараат решенија за доволно домашно производство на струја. И ако веќе треба да се штеди, зошто имаме уклучено јавно осветлување преку ден. Многу пати било заборавено преку цел ден, или се уклучува додека се уште надвор се гледа. Институциите и надлежните не внимаваат на ништо, по јавните институции има уклучени светилки по цела ноќ, а сега нас ни праќаат препораки – вели Јагода Тодоровска, исто така од Скопје.

Меѓу мерките на Владата има и за граѓани кои имаат финансиски средства на располагање, кои надлежните препорачуваат да се искористат за подобрување на енергетската ефикасност преку промена на енергетски ефикасни прозори, подобрување на изолацијата, подобрување на системите за греење и ладење, или пак да инвестираат во фотоволтаични системи. За љубителите на електричните тротинети исто така се препорачува полнење на батериите на евтина струја.

 П.О.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа