06 Мај, 2024
7.9076

Намалување на струјата за 0,6 евра

Објавено во: Економија 27 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Намалување на производствената цена на струјата за 1,5 отсто или за 0,6 евра, бара АД ЕЛЕМ од Регулаторната комисија на Македонија. Генералниот директор на државните електрани, вели дека поевтинувањето би се должело на позитивните финансиски резултати што ги постигна компанијата, оптималното искористување на производствените капацитети и продажбата на вишокот електрична енергија.

„АД ЕЛЕМ во барањето за определување на максималниот регулиран приход за 2018 година до Регулаторната комисија бара намалување на цената за АД ЕЛЕМ за 1,5 проценти. Ова е добра вест и се надевам дека и другите енергетски компании ќе не следат и ќе има на крај позитивен ефект врз сите граѓани на РМ“, рече директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски.

По честите дефекти и испади на термо блоковите во изминатиот период и проблемите во најголемиот производител на струја во државата, РЕК Битола, од термоцентралата најавуваат инвестиција од 10 милиони евра за ремонт на сите три блока, до почетокот на новата грејна сезона.

„Оваа година почнавме капитален ремонт на „блок 1“ и ремонтни активности на „блок 2“ и „блок 3“. Сакаме да бидеме комплетно подготвени и сите три блока да бидат во функција на почетокот на месец октомври и да се истера грејната сезона онака како што треба да биде, стабилна“, вели директорот на РЕК Битола, Васко Ковачевски.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години